Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Делегација од Собранието учествуваше на Парламентарниот форум на жените во рамки на Парламентарното собрание на Медитеранот

Делегација на Собранието на Македонија, предводена од пратеникот Сали Мурати, шеф на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Собранието на Македонија, предводена од пратеникот Сали Мурати, шеф на делегација и пратеничките Дафина Стојаноска и Јованка Тренчевска учествуваше на Втората сесија на Парламентарниот форум на жените на Парламентарното собрание на Медитеранот (ПСМ), што од 26 до 27 јануари се одржува во Федералниот национален совет на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), во Абу Даби, се вели во соопштението од собраниската прес-служба кое МИА го објавува интегрално.

Втората сесија на Парламентарниот форум на жените на ПСМ беше посветена на следните теми: „Зајакнување на жените во економската и политичката област“; „Значењето на поддршката на жените во областа на образованието, здравството и животната средина“; „Улогата на жените во борбата против тероризмот и превентивата и спречувањето на насилниот екстремизам“, како и за „Сексуалното и родовото базирано насилство поврзано со тероризмот“. 

Во своето поздравно обраќање, претседателката на Парламентарниот форум на жените Маријам Бин Тенеја од ОАЕ нагласи дека овој Форум претставува платформа за зајакнување на меѓусебната соработка во постигнување на заедничката цел, а тоа е зајакнување и унапредување на позицијата на жените. 

Реклама

Спикерот на Федералниот Национален Совет на ОАЕ, Сакр Гобаш истакна дека жените се основа на стабилноста во едно општество и активни членови во градењето на одржлива иднина, поради што овој Форум е од исклучително значење. 

Претседателот на Парламентарното собрание на Медитеранот, Џулио Чентемеро, порача дека социјална правда и просперитет на едно општество не може да биде постигната без целосна инклузија и без учество на жените во сите процеси. 

На конференцијата, присуствуваше и претседателката на Националното собрание на Азербејџан, Сахиба Гафарова, која информираше дека како држава поднеле барање Азербејџан да стане држава набљудувач во оваа организација. 

Покрај пратеници од земјите членки на ПСМ, (европски и медитерански држави, држави од  Северна Африка, Блиски Исток, како и земјите од Заливот) присуствуваа и претставници од партнерските организации на ПАМ – Интерпарламентарната унија, како и претставници од одредени агенции на ООН.

Значајна дебата предизвика ставот на заменичката на спикерот на Долниот Дом на Обединетото Кралство, Нусрат Гани која изрази сомнежи во квотите како модел за зајакнување на жените. Но, го сподели ставот со останатите учесници на Форумот дека квотите навистина дадоа позитивни ефекти, особено во помалку демократски развиените земји, каде е навистина тешко жените во позначаен број да добијат шанса. 

Во рамки на дискусијата за зајакнување на жените во економската и политичката област, пратеничката Јована Тренчевска нагласи дека кога жените работат економијата расте, кога жените се лидери, управувањето е подобро и поправедно. Таа истакна дека напредокот на Северна Македонија во однос на родовата еднаквост е важен за нашата демократија и иднина. Информираше дека како држава сме лидери во регионот во однос на претставеноста на жените во парламентот, која во моментов е речиси 40 проценти. Тренчевска истакна дека мора да работиме на понатамошно намалување на јазот меѓу мажите и жените, на еднаков надомест за трудот, на поддршка на жените претприемачки, како и на создавање на сигурна и инклузивна политичка средина. 

Пратеникот Сали Мурати се вклучи во дебатата посветена на поддршката на жените во областа на образованието, здравството и животната средина и нагласи дека концептот на образовниот процес во Македонија почива на три неразделни принципи – родова еднаквост, инклузивност и интеркултурност. Тој информираше и за мерките во делот на здравството кои се поддршка за жените, како што се мобилните тимови, породилното отсуство и далечинскиот мониторинг на пациенти. 

Во однос на прашањето за улогата на жените во борбата против тероризмот и превентивата и спречувањето на насилниот екстремизам, пратеникот Мурати нагласи дека жените имаат значајна улога во делот на превенцијата. Тој информираше дека во Македонија е зголемен бројот на жените во Армијата на 12 проценти, а бројот на жени офицери е 21,6 проценти. 

Во врска со сексуалното и родовото базирано насилство поврзано со тероризмот, Тренчевска потенцираше дека во Северна Македонија нема директни случаи на родово базирано насилство поврзано со тероризам, но родовото базирано насилство е сериозен предизвик. Овој тип на насилство, додаде таа, е сериозен и комплексен предизвик, како и сериозно прашање во делот на човековите права. Справувањето со сексуалното родово базирано насилство не е само прашање на родова еднаквост, туку е прашање на мир, стабилност и безбедност.