Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Делегација од шест општини го посети КИЦ Загреб, најавена соработка во културата и туризмот

Делегација од шест македонски општини, која престојува во студиска посета на Хрватска, го посети Културно-информативниот центар (КИЦ) во Загреб, при што во фокусот на разговорите беа можностите за продлабочување на соработката, особено во делот на заедничка културна промоција и унапредување на туристичките потенцијали на локалните самоуправи. Во состав на делегацијата, која остварила средба со директорката […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација од шест македонски општини, која престојува во студиска посета на Хрватска, го посети Културно-информативниот центар (КИЦ) во Загреб, при што во фокусот на разговорите беа можностите за продлабочување на соработката, особено во делот на заедничка културна промоција и унапредување на туристичките потенцијали на локалните самоуправи.

Во состав на делегацијата, која остварила средба со директорката Мими Ѓоргоска-Илиевска, биле градоначалниците на Битола, Кичево, Новаци и Демир Капија – Тони Коњановски, Александар Јовановски, Стевче Стевановски и Наталија Димитриева, како и секретарите на општините Куманово и Вевчани, Емилија Сларидис-Јаневска и Зоран Радиноски. Во посетата учествувал и координаторот за енергетски проекти во организацијата „Екосвест“, Жарко Конески.

Како што информираат од КИЦ Загреб, на средбата биле разгледани можности за продлабочување на соработката меѓу македонските општини и КИЦ во Загреб, при што акцентот бил ставен на промоцијата на локалните самоуправи како туристички дестинации. 

Реклама

– Во таа насока беа разгледани повеќе иницијативи и можности за заедничко организирање културни настани, изложби, презентации и други активности преку кои ќе се афирмираат културните и туристичките потенцијали на македонските општини пред хрватската јавност – стои во соопштението од КИЦ.

Соговорниците разгледале и конкретни иницијативи за заедничка организација на културни настани, изложби, презентации и други активности, кои ќе придонесат за афирмација на културните и туристичките потенцијали на македонските општини.