Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Делчево со дигитален Совет: Од петок стартува новата платформа за транспарентна работа на локалната самоуправа

Советот на Општина Делчево направи значаен исчекор кон модернизација и дигитализација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Општина Делчево направи значаен исчекор кон модернизација и дигитализација на своето работење со воведување на новата платформа opstinskisovet.mk, преку која ќе се овозможи целосна дигитална организација на работата на Советот, како и поголема транспарентност и пристапност за граѓаните.

Денеска беше спроведена обука на советниците за користење на платформата, со што успешно беше заокружена подготвителната фаза за нејзина примена. Платформата ќе биде ставена во целосна функција од петок и ќе се користи во секојдневната работа на Советот на Општина Делчево.

Преку системот, советниците ќе имаат можност дигитално да пристапуваат до материјалите за седниците, да учествуваат во работните процеси и да следат документи и одлуки во реално време. Истовремено, граѓаните ќе можат да се најават како гости и да добијат увид во дневните редови, материјалите, одлуките и целокупната работа на Советот, што значително ја унапредува транспарентноста и јавноста во локалното управување.

Реклама

Со оваа активност започнува реализацијата на уште едно предизборно ветување на локалната власт, насочено кон подобрување на услугите за граѓаните и зголемување на отчетноста на избраните претставници.

Од Општина Делчево посочуваат дека дигитализацијата ќе придонесе за поголема ефикасност во работењето на Советот, заштеда на време и ресурси, како и намалување на административните трошоци, особено преку редуцирање на користењето хартија.

-Ова претставува важен чекор кон современо, ефикасно и одговорно локално управување, кое е во служба на граѓаните и нивните потреби“, наведуваат од Општината.

Воведувањето на дигиталната платформа е дел од пошироките напори на Општина Делчево за унапредување на дигиталните услуги и приближување на институциите до граѓаните, со цел создавање поотворена, транспарентна и модерна локална самоуправа.