Реклама
Економија

Делчево подготвенo за првиот Бизнис-форум „Заедно да подадеме рака на развојот

Општина Делчево е подготвена за одржување на првиот Бизнис-форум кој ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево е подготвена за одржување на првиот Бизнис-форум кој ќе се реализира под мотото „Заедно да подадеме рака на развојот“, а кој има за цел да ги обедини бизнис-секторот од пограничниот регион, институциите и локалната самоуправа.

Настанот претставува платформа за размена на идеи, визии и можности за економски развој на Делчево и поширокиот регион, со посебен акцент на унапредување на деловната соработка и привлекување нови инвестиции.

Градоначалникот на Општина Делчево, Гоцевски, истакнува дека Бизнис-форумот претставува алатка за градење понапредна и поврзана бизнис-заедница, во која границите се мостови за соработка.

Реклама

-Нашата цел е јасна – да создадеме поволна бизнис-клима, да ги промовираме приоритетите за развој на Делчево, можностите за инвестиции кои се во насока на подобрување на локалниот економски развој и квалитетот на животот на граѓаните, но и да ги поддржиме домашните компании и нивното вмрежување- нагласи Гоцевски.

На форумот ќе учествуваат претставници на институции и бројни компании од Делчево и пограничните општини од Република Бугарија, со цел унапредување на соработката во областите на трговијата, производството и инвестициите, како и отворање нови можности за деловно вмрежување.

Средбата на бизнис-секторот ќе ја предводи градоначалникот на Општина Делчево, а форумот ќе понуди можности за вмрежување и соработка, размена на идеи и добри практики, афирмација на локалните и регионалните потенцијали, како и поттикнување заеднички проекти за одржлив економски развој и зелена циркуларна економија.

Бизнис-форумот ќе се одржи на 30 април (четврток) во 12:00 часот во салата на Спомен-домот АСНОМ во Делчево.