Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Македонија

Делчево го одбележа „11 Октомври“ – Денот на народното востание

Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска одбележа 84 години од почетокот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска одбележа 84 години од почетокот на антифашистичкото востание на македонскиот народ – 11 октомври.

По тој повод, делегација на Општина Делчево, претставници од јавните институции, политички партии и здруженија на граѓани, положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот, оддавајќи почит на сите кои ја вградија својата жртва во слободата и независноста на државава.

Во рамки на одбележувањето, членовите на КУД „Гоце Делчев“ преку реферат ги потсетија присутните на историските околности што му претходеле на востанието, како и на начинот на кој биле реализирани првите вооружени акции во Прилеп и Куманово. Во своето излагање, тие го нагласија значењето на 11 октомври како симбол на отпорот против фашизмот и почеток на организираната борба за самостојност и државност на македонскиот народ.

Реклама

Честитка по повод празникот упатија од Општина Делчево.