Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Прилози

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

По речиси две децении блокирана сметка, Општина Делчево полека излегува од финансискиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По речиси две децении блокирана сметка, Општина Делчево полека излегува од финансискиот товар. Од долг од околу 190 милиони денари кон еден оператор, наталожен со години, денес тој е намален на 26 милиони денари. По овој основ, од општинската сметка месечно се издвојуваат од 2 до 4,5 милиони денари.

Дополнително одлевање има и по други основи и извршни решенија од минатото, што значително го отежнува работењето на локалната самоуправа.

„Ние како Општина Делчево активно работиме на одблокирање на самата сметка на општината, затоа што навистина е тешко да се работи со лимит од 8,5 милиони денари“, изјави градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски.

Реклама

Гоцевски е оптимист дека наредната година долгот кон операторот кој ја има блокирано сметката ќе биде анулиран и сметката конечно ќе биде деблокирана. Посочува дека средствата кои сега се одлеваат за старите долгови ќе се инвестираат во подобрување на животот во општината.

„Навистина сакаме во тие четири години, додека јас сум градоначалник, да придонесеме Делчево да стане навистина поубаво место за живеење, посакувана дестинација за живеење, а младите да го препознаваат како можност за создавање семејства и да останат да работат и да живеат таму. Сметам дека сите тие средства кои сега ни се одлеваат од буџетската каса, не по наша вина, туку поради грешки во минатото, треба да бидат инвестирани правилно“, изјави градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски.

Дека општината имала сериозни проблеми во работењето констатирале и државните ревизори во последниот извештај, изготвен за 2023 година. Имало забелешки во утврдувањето и наплатата на даноците, а не биле преземени ниту активности за присилна наплата.

Истовремено, општината не остварувала приходи ниту по основ на комунални такси, меѓу кои за привремен престој, користење простор пред деловни објекти, како и за реклами, објави и огласи.