Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Делчево ги јакне меѓународните економски врски со Република Турција

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, оствари работна средба со претставници на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, оствари работна средба со претставници на Македонско-турската стопанска комора – МАТТО, во рамки на програмските заложби за унапредување на економските активности и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Како што информираше Гоцевски во соопштението за јавноста, средбата била инспиративна и плодотворна, со посебен акцент на воспоставената комуникација, заедничките интереси и целите за продлабочување на соработката меѓу Делчево и Република Турција.

-Разменивме идеи и можности за јакнење на економските врски, кои, како што беше посочено, се присутни и се негуваат со децении наназад. Средбата се одржа во конструктивна и пријателска атмосфера, при што биле разгледани и потенцијалите за соработка со збратимените градови од Турција, како и можностите за нови заеднички иницијативи во повеќе области, истакна Гоцевски.

Реклама

Од претставниците на Стопанската комора, градоначалникот потенцираше дека добил значајни информации за улогата што МАТТО ја има во унапредувањето на билатералните односи меѓу двете држави, при што, како што дополни, било нагласено дека културните традиции претставуваат цврста основа за развој на секоја идна соработка.

-Убеден сум дека турскиот народ кој живее и работи во Делчево може да биде силен мост за поврзување на двете држави, што претставува дополнителна основа за продлабочување на пријателството и соработката на сите нивоа, истакна Гоцевски.