Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Делчево доби уникатен парк со цитати од Библијата, каде што се споменува Македонија

Во Делчево е уреден уникатен парк со цитати од Светото писмо, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Делчево е уреден уникатен парк со цитати од Светото писмо, во кои се споменува Македонија, а кој веќе привлекува внимание кај посетителите и прераснува во нова туристичка и духовна атракција во градот.

Паркот е лоциран пред соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“, а во него се поставени 27 мермерни плочи, од кои на 26 се испишани библиски цитати и стихови во кои директно се споменува Македонија.

Според градоначалникот Иван Гоцевски, паркот претставува симболичен спој на верата, историјата и македонскиот идентитет.

Реклама

– Делчево доби уникатен парк, кој има духовно, културно и едукативно значење. Овој простор сведочи за историското присуство на Македонија во библиските текстови и ја истакнува поврзаноста на македонската традиција со христијанското наследство – изјави Гоцевски.

Цитатите на мермерните плочи се поврзани со мисионерските патувања на апостолот Павле и неговото дејствување на македонска почва, меѓу кои е и познатото Македонско видение.

Од Општина Делчево посочуваат дека паркот има повеќеслојно значење – духовно, културно и едукативно, но и потенцијал за развој на верски и културен туризам.

Со својата уреденост, симболика и пораки, паркот претставува место за духовен мир и почит кон пишаниот збор, а мермерните плочи остануваат трајно сведоштво за поврзаноста на Македонија со библиското наследство. Паркот е инвестиција на Општина Делчево.