Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Делчевката д-р Сања Пановска, научник во германскиот GFZ центар, на средба со градоначалникот Гоцевски

Делчевката д-р Сања Пановска, научник која го истражува магнетното поле на Земјата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делчевката д-р Сања Пановска, научник која го истражува магнетното поле на Земјата и е дел од GFZ Хелмхолдс центарот за геонауки во Германија, денеска оствари средба со градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски.

Како што информираа од Општина Делчево, на средбата било истакнато дека Делчево е расадник на млади и успешни луѓе кои со своето знаење, труд и посветеност успеваат да изградат значајни кариери и да бидат препознаени на меѓународно ниво.

-Градоначалникот Гоцевски посочи дека успехот на д-р Пановска претставува инспирација за младите генерации во Делчево и доказ дека од овој крај произлегуваат луѓе кои можат да дадат значаен придонес во современата наука и општеството. Во разговорот беше потенцирана и потребата институциите да продолжат со поддршка на младите, образованието и создавањето услови за развој на нови успешни приказни кои ќе го афирмираат Делчево и во иднина, истакнаа од Општина Делчево.

Реклама

Биографијата на д-р Пановска, како што наведуваат од Општината, е исклучително богата. Таа дипломирала физика во Скопје, магистрирала геофизика во Штип, докторирала на ETH Zurich, а постдокторските студии ги завршила на University of California. Денес е лидер на истражувачка група во Германскиот центар за геофизика во Потсдам и управува со европски проект вреден два милиони евра.

Во 2025 година берлинскиот весник „Тагесшпигел“, како што додаде градоначалникот Гоцевски, ја вброил меѓу 100-те најзначајни научници во Берлин.

-Нејзиното поле на истражување е геомагнетизмот, односно проучувањето на магнетното поле на Земјата, неговите промени низ историјата, екскурзиите и преобртите. Овие истражувања имаат директно влијание врз космичкото зрачење, климата и технологиите што зависат од навигацијата и комуникацијата- дополни Гоцевски.

Д-р Пановска е и наратор на документарниот филм Магнетен Мозаик, награден од UNESCO во категоријата „Жени во науката“. Автор е и на детската книга Мојата Земја, преведена на повеќе јазици, а работи и на едукативен проект со загатки и игри наменети за деца од три до осум години, со цел нивно запознавање со геонауките.