Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Прилози

Дел од осомничените за пожарот во „Пулс“ од затворски одат во домашен притвор

Љупчо Папазов, градоначалникот на Кочани кој си даде оставка по трагедијата во…

Сподели:

Љупчо Папазов, градоначалникот на Кочани кој си даде оставка по трагедијата во Пулс, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, заедно со уште тројца осомничени, од ефективен притвор одат во куќен, одлучи Кочанскиот суд. Одлуката следи по барање на обвинителство, кое сметајќи дека веќе ги обезбедило доказите и ги има сослушано сведоците, овие осомничени може да чекаат судење и со полесна мерка.

Од зад решетки излезе и еден член на обезбедувањето. Од првичните 24 осомничени кои беа испратени во притвор, на седуммина тој им е заменет со куќен. Што се однесува до 19-те ново-осомничени, четворица се зад решетки, меѓу кои и актуелниот министер Шабан Салиу.

„Од 19 осомничени, за 4-четири осомничени беше предложена мерка притвор која со решение на судијата на претходна постапка беше определена спрема истите. Спрема осум од осомничените беше предложена мерка куќен притвор, истата, судијата на претходна постапка ја определи против овие осум осомничени. Спрема седум осомничени беа предложени мерки на претпазливост и истите со решение на претходна постапка се изречени, информираат Основен суд Кочани.

Реклама

Во куќен притвор се и претходниците на Папазов, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев, како и екс министрите за економија, Ваљон Сарачини и Беким Незири. Зад решетки останува поранешниот министер за економија Крешник Бектеши кому притворот му е продолжен за уште 30 дена.

На амбасадорот од Норвешка , Дритон Кучи, кој е осомничен за периодот додека бил министер, му се определени мерки на претпазливост. Пензионираниот полициски службеник, кој во последната акција на апсење не беше пронајден, утрово самиот се пријавил во полициска станица.

Сите 14 полицајците за кои се води истрага определени им се мерки на претпазливост. Половина од осомничените полицајци се пензионери и се истражуваат за постапки и документи од 2012-та до 2023-та.

Досега осомничени се 47 луѓе и три правни лица. Истовремено, посебна постапка се води и против 14 полициски службеници.