Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Даниловски: Стаорците ќе станат закана за Скопје

Купиштата ѓубре во Скопје кои со денови се трупаат на улиците на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Купиштата ѓубре во Скопје кои со денови се трупаат на улиците на главниот град се идеално „гнездо“ за размножување на глодарите. Глувците и стаорците се познати преносители на сериозни заразни болести, предупредуваат епидемиолозите.

„Стаорците се размножуваат според експоненцијална прогресија: во период од само 18 месеци еден пар може да даде повеќе од еден милион потомци. Тоа е биолошки факт. Експоненцијалниот модел претпоставува неограничени ресурси како храна, вода и простор. Таа претпоставка во Скопје е исполнета! Прашањето што се поставува е колку ли се накотени досега, кога условите се оптимални, а сметот се натрупува со месеци?“, прашува епидемиологот Драган Даниловски.

Скопје со денови е затрупано во ѓубре, поради неисчистените контејнери, поради што се претвора во темпирана бомба за епидемија. Микробиолозите предупредуваат дека ситуацијата е алармантна.

Реклама

Според Центарот за контрола на болести, и стаорците и глувците се одговорни за пренесување на преку 35 болести ширум светот. Епидемиолозите укажуваат дека е потребна најитна, координирана интервенција на сите надлежни институции – по потреба и со прогласување вонредна состојба на делови од територијата на градот, првенствено заради дезинфекција, дезинсекција, дератизација и отстранување на ризикот по јавното здравје.

„Откако опасноста ќе се неутрализира, мора да следи и јасна институционална одговорност. Зашто, правото на здравје е уставно загарантирано право на секој граѓанин“, вели Даниловски.

Проблемот со нехигиената во градот ескалираше во екот на локалните избори во Македонија, кога меѓу другото се бира и наследникот на градоначалничката која сè уште е на функција – Данела Арсовска. Нејзиниот наследник наредниот период ќе треба да се фрли во костец со најгорливите проблеми во градот Скопје – а меѓу нив е и ѓубрето.

Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата со отпадот во Скопје.