Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

„Да не се компликува постапката“: На Обвинителството не му пречело единствено продажба на „Жан Митрев“, другите мерки останале на сила

Сметките останале блокирани, забраната за продажба имот во Битола исто така, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сметките останале блокирани, забраната за продажба имот во Битола исто така, но на Обвинителството не му пречело единствено Жан Митрев да ја продава својата приватна клиника. На два дена после Божиќ пред три годни, обвинителката Искра Хаџи Василева го повлекла предлогот со кој се забранува отуѓување на Клиниката Жан Митрев, но останала на предлозите со кои се забранува вршење исплата од сметки во повеќе банки и забрана за отуѓување недвижен имот во Битола, кои останале на сила.

-Во однос на забраната за отуѓување на имотот во правното лице, јавниот обвинител го повлекол овој предлог со образложение дека „Истото е со цел да не се компликува постапката пред судот, почитување на правата на обвинетиот, па по оценка на обвинителството оваа мерка е повеќе непотребна.“, велат од Кривичен.

Трите забрани кои биле на сила Кривичниот суд по предлог на Обвинителство ги донело помалку од два месеци претходно, односно во средината на ноември.

Реклама

-По предлог на ОЈО Скопје од 16.11.2022 година, на 17.11.2022 годинаКривичниот суддонел решение со кое Барањето на ОЈО го уважил и ги изрекол предложените мерки и тоа Забрана за отуѓување на недвижен имот во Битола ; Забрана да се врши исплата од сметки во повеќе банки и забраната за отуѓување на уделот во правното лице Приватна здравствена установа – Клиничка Болница Жан Митрев, велат од Кривичен. 

Доктор Жан Митрев во гостувањето во „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на Алфа кажа дека Заев и Филипче, во време на ковид пандемијата, барале начин како да дојдат до сопствеништвото во неговата приватна болница, по што била тргната забраната за нејзина продажба. Најспорно според тврдењата на доктор Митрев е што една недела откако на Филипче и Заев им кажал дека не може да ја продаде болницата дури и да сака, бидејќи има забрана за отуѓување, одлуката била променената  и забраната била тргната.

Матеја Петровски