Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Д-р Стојаноски: Со рамномерен регионален здравствен развој ќе нема листи на чекање

Централизацијата е погубна за македонското здравство. Мора да направиме регионализација и рамномерен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Централизацијата е погубна за македонското здравство. Мора да направиме регионализација и рамномерен регионален здравствен развој. Тогаш и листите на чекање ќе исчезнат. Тоа е моделот од Словенија, не треба многу да размислуваме, треба само да го прифатиме. Пациентот мора да добива ист квалитет на услуга и во местото од кое потекнува – изјави денеска директорот на Градската општа болница „8 Септември“, Синиша Стојаноски.

Пред една, една и пол година, посочи, не бев ни дел од менаџментот на оваа болница кога зборувавме за национална здравствена стратегија, ние не смееме да останеме на тоа сè да се централизира во Скопје.

– И во оваа болница, и во другите скопски болници, и во Клиничкиот центар доаѓаат пациенти од целата република. Листите на чекање се креираат на тој начин. Во некои од болниците во внатрешноста нема листи на чекање. Пациентите се насочуваат тука. Пациентот мора да добива ист квалитет на услуга и во местото од кое потекнува. Дали тоа ќе го направиме со ротација на персонал, дали тоа ќе го направиме со екипирање и на центри што се надвор од Скопје, ќе мора да седнеме и да се договориме. Само тогаш листите на чекање ќе се преполоват – рече д-р Стојаноски. 

Реклама

Посочи дека не може да се очекува листата на чекање во ГОБ „8 Септември“ да се намали ако таму се пациентите од Струмица, Штип, Велес, цел исток, цел Запад, исто е и во Клиничкиот центар, како и на Клиниката по хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

– Листите се креираат затоа што бројот на здравствен персонал не може да направи чудо. Толку се 24 часа во денот, толку е можноста да се направат оперативни интервенции. Во здравството недостига персонал, не недостигаат услови. Условите што ги гледате денеска само ќе бидат додадена вредност. Мораме кадровски да се екипираме – истакна д-р Стојаноски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реконструираниот дел од болницата ГОБ „8 Септември“.

Додаде дека треба да се направи регионализација на услугите со ротација на персоналот и екипирање на центрите надвор од Скопје.