Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Д-р Станетиќ: Пушењето е една од главните причини за карцином на белите дробови и за емфизем, мора да работиме да се намали бројот на пушачи

Не постои ниедна објава во стручната медицина што покажува некаква корист од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не постои ниедна објава во стручната медицина што покажува некаква корист од пушењето. Сите ние, и пушачи и непушачи, мора да работиме на тоа да се намали бројот на пушачи, вели професор доктор Мирко Станетиќ од Босна и Херцеговина. 

Станетиќ, кoj e истакнат специјалист пулмолог и редовен професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Бања Лука, во интервју за МИА вели дека Босна и Херцеговина, Македонија и Србија и сите земји од Западен Балкан имаат висока стапка на пушење за разлика од некои европски држави, како, на пример, Шведска, каде што тој процент е шест. 

– За жал, Босна и Херцеговина, а мислам и Македонија и Србија и сите земји од Западен Балкан, имаат стапка на пушачи речиси 50 проценти. За БиХ, знам дека инциденцата е 46 проценти. Тоа е голем процент во однос на Шведска, каде што тој процент е шест. Во БиХ, со таква висока инциденца на пушачи и број на карциноми, респираторни заболувања, артериосклеротични заболувања, инфаркти и плус стрес… тоа се мултиплицира. Според тоа, треба да се престане со пушење – посочува доктор Станетиќ.

Реклама

Пушењето, наведува тој, е еден од главните причини за настанување на карциномот на белите дробови и емфизем (уништување на малите дишни патишта). За жал, вели доктор Станетиќ, во БиХ, а и во Македонија, навиките за пушење се исти. 

По повод  31 Мај - Светски ден за борба против пушење, Центарот за семејна медицина, Медицински факултет Скопје во текот мај организираа шест работилници за одвикнување од пушење. 

Пациентите со емфизем, како што појаснува, ретко навреме одат на лекар затоа што чувството на задушување што го имаат сметаат дека е од пушењето, од годините и од начинот на животеење. 

Негова препорака е што порано да се прави спирометрија, но таа да е направена на вистински начин, со квалитетен и баждарен апарат, во присуство на пулмолог и искусни и обучени медицински сестри, кои, како што вели, се исклучително важни во целиот овој процес.

– Со раното откривање на енфиземот, а подоцна и со престанување на пушењето и со употребата на одредена инхалаторна терапија, со промена на начинот на живеење и со рехабилитација, може да се забави болеста, но не и комплетно да се сопре. За жал, овие пациенти имаат, што би кажале ние, бели дробови кои побргу стареат од самиот пациент – нагласува доктор Станетиќ.  

По повод 31 мај, Светскиот ден без тутун, се наведува дека повеќе од 80 отсто од 1,3 милијарди корисници на тутунски производи во светот живеат во земји со низок и среден приход. Околу полови

Според него, пациентите што немаат тешка дијагноза тешко престануваат со пушење, чувствуваат некакво гризење на совеста при првата средба со докторот, но сето тоа потоа поминува и се заборава. 

– Пациентите што добиваат дијагноза карцином на белите дробови во прва фаза по средбата со лекарот имаат чувство на гризење на совеста бидејќи сметаат дека придонеле за развој на карциномот бидејќи пушеле повеќе цигари. Таа фаза поминува, но остава многу негативни последици кај пациентот. Пациенти со опструктивна белодробна болест, пациенти со артериосклероза, пациенти што се склони на мозочен удар, пациенти што се склони на кардиоваскуларни инциденти, инфаркти, нестабилна ангина пекторис, нарушувања на срцевиот ритам, дијабетес… тоа се пациентите што често се јавуваат меѓу пушачите – нагласува доктор Станетиќ.

Советот е едноставен – да се направи сè што е можно за да се престане со пушење, порачува доктор Станетиќ.

Целосното интервју со д-р Станетиќ во кое разговараме и за тоа дека не може да се лечи ракот на белите дробови без претходно молекуларно тестирање, ќе го објавиме во сабота.