Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Прилози

Д-р Каркински: Секоја забрана и намалување на цигарите е добредојдена

Срцеви заболувања, тешки проблеми со белите дробови, астма, хроничен бронхитис, па дури…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Срцеви заболувања, тешки проблеми со белите дробови, астма, хроничен бронхитис, па дури и канцер – ова не се далечни закани, туку најчестите последици од пушењето цигари предупредуваат лекарите.Најавениот нов закон против пушење ако се имплемнтира до крај ќе даде добри резултати оценува лекарската фела. Според директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза со ограничување на пасивното пушење, значително ќе се намали ризикот од скриени, но сериозни здравствени последици, што долгорочно ќе придонесе за поздрава нација.

“Цигарите оштетуваат од коса до пети, сите системи ги оштетуваат, тие помалку што пушат помалку се изложени на штетна дејност од цигатрите, тие повеќе што пушат повеќе се изложени на штетни дејности но имаат поголем ризик за болести.Секое намалување на цигари е добредојдено, на било кое јавно место дали во училишта, болници, ресторани кафани…секаде е добредојдено” – вели директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза д-р Димитар Каркински.

Секој запалена цигара кај еден адолесцент е чекор поблиску до хронична болест и пократок живот, предупредуваат лекарите.

Реклама

„Адолесцентите ги користат цигарите и за слабеење, затоа што пушењето го намалува апетитот, а тоа е крајно погрешно. Голем проблем е што децата почнуваат да пушат поради мода. Колку помалку гледаат дека пушат нивните другарчиња, толку помалку и тие ќе го прават тоа“, вели пулмологот Каркински.

Лекарите предупредуваат дека најзагрижувачко е тоа што зависноста од никотин се развива многу побрзо кај младите отколку кај возрасните.

Речиси половина од населението во државата е зависно од цигари, со просечна потрошувачка од 18 до 22 цигари дневно, што е двојно повеќе од европските стандарди…

Со новиот закон пушењето ќе биде забрането пред здравствени установи, училишта, градинки, министерства..и други јавни институции. Освен забраните законот предвидува и високи казни за оние што нема да го почитуваат. 300 евра за физички и од 2000 до 5000 евра за правни лица.