Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Цветановски: Преживување со европски цени и криза – заедно до СТОП за банкарските провизии

Македонските граѓани во моментов го носат товарот на најниските примања во Европа,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските граѓани во моментов го носат товарот на најниските примања во Европа, додека истовремено се соочуваат со европски цени во маркетите. Пред новиот инфлаторен бран поттикнат од глобалните кризи и конфликтот на Блискиот Исток, кој се заканува дополнително да го стопи скромниот домашен буџет, Либерално-демократската партија (ЛДП) повторно го поднесува Законот за платежни услуги и платни системи со кој се укинуваат банкарските провизии за основни услуги, се наведува во соопштението од ЛДП.

Од партијата порачуваат дека прашањето за банкарските трошоци повеќе не смее да биде оставено на добрата волја на поединци или на дискреционите одлуки на Народната банка. Овој закон е неопходен за да се обезбеди минимум социјална правда и заштита на потрошувачите од неразумни и скриени трошоци, исто онака како што е регулирано во земјите од Европската Унија.

Дејан Цветановски, член на ИО на ЛДП, упати директен повик до сите пратеници во Собранието да ги надминат тесноградите партиски погледи кога станува збор за егзистенцијата на сограѓаните:

Реклама

„Доста е со игнорирање на реалноста и арогантно одбивање на решенија кои значат помош за секое семејство. Во услови кога целиот банкарски сектор бележи рекордни профити, недозволиво е најсиромашните граѓани да ги плаќаат трошоците за нивниот луксуз. Бараме европски мерки за европски шокови – укинување на провизиите за водење сметка, подигнување готови пари и трансакции, затоа што солидарноста мора да стане законска обврска“, вели Цветановски во својата изјава за медиумите.

ЛДП упатува апел и до граѓаните да извршат притисок врз своите пратеници, без разлика на партиската припадност и да побараат одговорност за овој предлог. Само со заеднички притисок врз владејачкото мнозинство може да се спречи понатамошното топење на примањата и да се зачуваат илјадници денари во семејните буџети. Должност на Собранието е да покаже дека работи за народот, а не за профитите на моќниците.

Либерално-демократската партија во континуитет ја застапува оваа економска мерка. Конкретна законска регулатива за укинување и намалување на банкарските провизии за првпат беше поднесена во 2024 година, а истата иницијатива беше повеќепати повторувана во текот на изминатите две години, но секојпат беше одбивана од актуелните владејачки мнозинства без суштинска дебата.