Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

„Свои на своето!“ – Ден на македонската револуционерна борба

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.

Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија.

Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево – Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила – Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово – Солунско и Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџа, Ениџе Вардарско.

Реклама
Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, кој е прогласен за државен празник и неработен ден за сите граѓани. Годинава, поради пандемијата со

Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската бугарска машка гимназија. Набргу, учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др. По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат. Младите студенти и нивните професори стануваат стожерот, односно движечката сила на македонската револуција. Емисарите вршат обиколки по селата во Македонија и Одринска Тракија и формираат месни комитети. Откако на овој начин се формирала структурата на организацијата, почнал процесот на создавање вооружени чети и почнале набавки на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција.

По повод Денот на македонската револуционерна борба, ќе се одржи свечена академија насловена „Свои на своето!“ во НУ Македонски народен театар.

Свое обраќање ќе има претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Собраниска делегација, пак, предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, составена од пратениците Велика Стојкова – Серафимовска и Даниела Николова, ќе положи венец свежо цвеќе на Споменик на основачите на ВМРО – Парк „Жена борец“ во Скопје.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба упати честитка до граѓаните во која истакнува дека овој ден нè потсетува на највозвиш

Во Кристалната сала на Собранието во 11 часот ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“ за 2026 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на државата.

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на Ѓорѓи Јолевски, актер, додека за остварување во областа на науката, наградата им се доделува на проф. д-р Стојко Стојков, историчар и проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, археолог. 

По повод 23 Октомври, во македонскиот Културно-информативен центар во Софија во средата вечер се одржа културно-историски настан посветен на 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, тематски насловен „Во светлината на слободната“. Настанот беше посветен на историските процеси што го одбележале македонското револуционерно движење, на идеалите за слобода и достоинство, како и на животот и делото на Даме Груев, еден од основачите на Македонската револуционерна организација (МРО), подоцна позната како ВМРО.