Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати

На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои сè уште активен е пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, додека девет се целосно изгаснати. Како што соопшти ЦУК, целосно изгаснати се пожарите во: Општина Сарај, кај селото Грчец, во близина на вилите […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои сè уште активен е пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, додека девет се целосно изгаснати.

Како што соопшти ЦУК, целосно изгаснати се пожарите во: Општина Сарај, кај селото Грчец, во близина на вилите од викенд-населбата, каде горела ниска вегетација; во Општина Бутел, во Визбегово, каде гореле дива депонија и ниска вегетација; во Општина Брвеница, кај селото Волковија, каде горела ниска вегетација, во Општина Штип, на месноста „9-ти километар“, во близина на експресниот пат Штип – Радовиш, каде горела ниска вегетација и во Општина Кочани, кај селото Тркање, каде горела ниска вегетација.

Изгаснати се и пожарите во Општина Радовиш, кај селото Бучим, каде била зафатаена ниска вегетација и ниска шума, во Општина Новаци, кај селото Теповци, на месноста Ергела, каде горела ниска вегетација; како и пожарите кај селото Пчиња, во Општина Куманово и во Општина Липково, кај селото Отла, во Липковско Поле кон селото Оризаре, каде гореле ниска вегетација и жито.