Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, наскоро нова исплата

Добро е што сите вклучени во менаџирањето на кризата по пожарот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добро е што сите вклучени во менаџирањето на кризата по пожарот во Кочани застанаа зад инцијативата хуманитарната помош за повредените да се акумулира на едно место и да се дистрибура согласно потребите, истакна генералниот секретар на македонскиот Црвен крст, Саит Саити на панел дискусијата „Кочани е нашиот приоритет“.

Нагласи дека од вкупно собраните средства досега се исплатени над 107,4 милиони денари, а на единствената солидарна сметка за исплата остануваат уште 49 милиони денари.

-Парите за поддршка се исплатени во шест наврати, кон три категории корисници. Едната категорија се семејствата на починатите, при што почнавме со 60 семејства, но знаете, за жал, завршивме со 63, потоа кон 116 повредени лица кои се лекуваа во странство и 71 лице кое се лекуваше во државата. Збирно, средствата кои беа исплатени на семејствата на починатите изнесуваат 52.038.593 денари. Средствата кои се исплатени кон лицата, односно семејствата на лицата кои се лекуваа во странство, се во износ од 44.163.258 денари и трансферот кон лицата кои се лекуваат во државата, разбирливо е најмал, затоа што имаше само една исплата од 11.247.000 денари. Сето тоа заедно чини 107.449.000 денари. Средствата кои сѐ уште се на сметката на Црвениот крст и не се исплатени до денес се во износ од 49.012.634 денари, истакна Саити.

Реклама

Генералниот секретар на Црвен крст додаде дека исплатата на преостанатите средства ќе биде по согледувањето на резултатите од евалуацијата на повредените и нивната здравствена состојба.

Притоа, нагласи дека нема да се исплаќа иста сума линеарно, затоа што секој пациент има различна потреба и тежина на повредите, и различна прогноза за нивно лекување.