Реклама

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

Македонија

„Црн понеделник“ на берзите: најголеми загуби по пандемијата

Американскиот претседател Доналд Трамп со своите царини предизвика губење на голема доверба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп со своите царини предизвика губење на голема доверба кај инвеститорите, а последиците на светските берзи се катастрофални. Почетокот на оваа недела донесе продолжување на распродажбата на берзите, а инвеститорите стравуваат од глобален трговски конфликт. Загриженоста од инфлација и стравувањата од рецесија се шират сè повеќе и водат до нов пад на курсевите на светските берзи.

DAX падна далеку под 20.000 поени
Работите масовно се влошуваат и на берзата во Франкфурт. Во првите неколку минути од денешното (7.04) тргување, DAX падна за 10,4 отсто на 18.489 поени, продолжувајќи го со тоа својот пад од пет отсто во петокот. За првпат од почетокот на јануари, германскиот берзански барометар е под границата од 20.000 поени. И покрај тоа што DAX во текот на првите два часа од тргувањето успеа да ја намали својата почетна загуба на околу седум процент, целата годишна добивка е избришана.

Типичен „паничен понеделник“ на берзата?
Со денешниот пад на курсот, DAX следи типична шема. Во тешки ситуации, драстичните загуби на курсевите на „црн петок“ често продолжуваат и во т.н. „паничен понеделник“. Само во вторник, т.н. „Вторник на пресврт“, можен е пресврт нагоре. Со оглед на моменталната ситуација, прашање е колку би било одржливо евентуално контрадвижење. Зашто, долгорочните изгледи на германската берза исто така се заматени. Според берзанските експерти, сè уште не е зрело времето за искористување на предностите на ниските курсеви. Ловците на „евтини понуди“ ризикуваат да се најдат во ситуација на т.н. „нож што паѓа“, односно наместо, како што се очекува, курсевите да тргнат нагоре, тие да продолжат да паѓаат.

Реклама

Пад на азиските берзи
Паничната реакција на инвеститорите на најновите американски царини продолжува и на азиските берзи. Во Јапонија, индексот Никеи на водечката берза во Токио падна за 6,7 отсто на 31.511 поени. Падот на Шангајската берза е за 7,3 отсто, а Ханг Сенг во Хонг Конг падна за 12,5 отсто.

Трамп не презема одговорност за берзанскиот земјотрес
Земјотресот на берзите буквално преку ноќ збриша милијарди долари од имотот на приватните инвеститори. Ним изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за падот на курсевите мора да им изгледаат како чист потсмев. „Мислам дека работите одат многу добро“, рече американскиот претседател на крајот од минатата недела. „Пазарите ќе цутат, акциите ќе цутат, земјата ќе цути“, нагласи Трамп.

Тој тврди дека немал намера да предизвика пад на финансиските пазари. „Не сакам ништо да пропаѓа, но понекогаш треба да се земе лек за нешто да се поправи“, изјави Трамп.

Американскиот претседател продолжува да ја подгрева паниката на берзата
Тој вчеравечер уште повеќе ја подгреа паниката на пазарите повторувајќи го својот цврст курс. Американскиот претседател инсистира на тоа дека царините ќе бидат повлечени дури откако ќе се „реши проблемот“ со американскиот извозен дефицит во трговијата со многу земји.

Во Луксембург денеска министрите за трговија на земјите од ЕУ разговараат за прашањето каква стратегија би можела да се искористи за Трамп да биде принуден да попушти во однос на царините.

Кина реагираше уште во петокот и најави увозни царини од 34 отсто за американски стоки, како и ограничувања за извозот на ретки метали.