Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Црквите во прилепски Варош, недоволно заштитено културно-историско наследство

Средновековен Варош или малиот македонски Ерусалим кој располага со дури 77 цркви,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Средновековен Варош или малиот македонски Ерусалим кој располага со дури 77 цркви, свиен во познатите Маркови Кули, традиционално, првата недела по Велигден го празнува „Источен Петок – Балаклија“. Реки од луѓе и денеска го посетија ова своевидно светилиште од чии темели, уште пред еден милениум изникнал и градот Прилеп. Варошани горди на своето богатство, бараат од државата поголема заштита на овие културно – историски вредности, бидејќи според податоците, дури шеесетина цркви чекаат допрва да бидат откриени и да станат достапни за јавноста.

Најстарата црква се наоѓа во денес култниот Манастирски комплекс „Св. Архангел Михаил“ и таа е датирана од 12 век, а додека најсовремената е од почетокот на 19-от век. Според Мимоза Христоска, виш кустос при НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп, во моментов, за разлика од средовековните, „заборавени“ биле црквите од 19 век. Но, во последниве години се пристапило и кон нивно евидентирање, како и на иконите во нив.

Варошани велат дека традицијата за „Голем Петок“ да се доаѓа на Варош, датирала од памтивек. Тие се носталгија се сеќаваат на старите времиња кога во секоја куќа имало гости, а надвор пак, ечеле зурлите и тапаните.                                            

Реклама

Денес во прилепски Варош активни се само шест цркви. За време на претходната централна власт, комплетно беа реставрирани и ставени во функција две цркви, беше обновен Источниот конак од Манастирот „Св.Архангел Михаил“, а беше изграден и Амфитетар. Оттогаш наваму, нема некои посериозни зафати по однос на зачувувањето на оваа пребогатата македонска историска ризница.

                                                                                                      Каролина Дурло