Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Централниот совет на Македонците од Берлин поднесе жалба против Бугарија пред Европската комисија во Брисел

Централниот совет на Македонците во Германија со седиште во Берлин поднесе формална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Централниот совет на Македонците во Германија со седиште во Берлин поднесе формална жалба до претседателката на Европската комисија, г-ѓа Урсула фон дер Лајен, поради тешки повреди на основните договори на Европската Унија во рамките на преговорите за пристапување на Македонија.

Централниот совет на Македонците во Германија е регистрирано здружение според германското право со седиште во Берлин, кое ги претставува и застапува граѓанките и граѓаните со македонско потекло кои живеат во Германија. Жалбата се однесува на идентитетско-политичките барања на земјата-членка Бугарија, кои не се засноваат на правото на ЕУ, туку на билатерални национални интереси кои се во спротивност со духот на примарното право на Унијата. Конкретно, овие барања се содржани во Протоколот од втората заедничка владина седница меѓу Бугарија и Република Македонија од 17 јули 2022 година, кој преку упатувања е вграден во преговарачката рамка за пристапување. Затоа бараат бришење на упатувањата кон Протоколот од 17 јули 2022 година во преговарачката рамка, одлука на Европскиот совет со која изрично се утврдува дека прашањата на националниот јазик, идентитет и историја не се составен дел на пристапните преговори и покренување постапка против Бугарија, односно постапка за повреда на договорите.