Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар

На „Плочник“ кај Градски ѕид синоќа се одржа второто издание на „Центарска симфонија“, во организација на Општина Центар. Како што соопштија од Општината, публиката уживаше во македонските евергрини и филмска музика, во изведба на „Сонора Колектив“ оркестарот и одличните вокали на Иван Наумовски и Елена Васова. -Центар останува место на најубавите културни настани. Среќен сум […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На „Плочник“ кај Градски ѕид синоќа се одржа второто издание на „Центарска симфонија“, во организација на Општина Центар.

Како што соопштија од Општината, публиката уживаше во македонските евергрини и филмска музика, во изведба на „Сонора Колектив“ оркестарот и одличните вокали на Иван Наумовски и Елена Васова.

-Центар останува место на најубавите културни настани. Среќен сум што вечерва ве гледам овде, во толку голем број, на уште едно издание на „Центарска симфонија“-истакна Герасимовски пред почетокот на концертот.

Реклама

Во текот на вечерта беа изведени безвременските хитови на Драган Мијалковски и Нина Спирова, како и музичките теми од култните филмови „Валканиот танц“, „Кум“, „Пиратите од Карибите“ и други, кои публиката ги проследи со силни аплаузи и воодушевување.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакнал дека оваа манифестација заслужено зазема важно место во културниот живот на Центар.

– Интересот и оваа година е одличен. Центарци уживаат во вакви настани и токму тоа ни е поттик да продолжиме да создаваме културни содржини за сите генерации. Музиката обединува, создава убави спомени и носи посебна енергија. Благодарен сум што сите заедно уживавме во уште една прекрасна летна вечер – рече Герасимовски.

Општина Центар продолжува да ја збогатува културната понуда со манифестации што го оживуваат јавниот простор и градското секојдневие.