Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ доби средства за 21 проект од Министерството за култура и туризам

Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Министерство за култура и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Министерство за култура и туризам доби финансиска поддршка за реализација на 21 проект во вкупен износ од 5.515.000 денари, информираа денеска од установата.

Од Центарот изразуваат задоволство од бројот на одобрени проекти, иако дел од апликациите не биле прифатени. Сепак, најавуваат дека ќе се обидат и одбиените проекти да ги реализираат со сопствени средства.

-За нашиот Центар одобрени се вкупно 21 проекти со сума 5.515.000 денари. Од областа на драмската дејност одобрени се вкупно пет проекта за што се одвоени 4, 2 милиони денари за претставите од македонска драма „Смрт на погребот“ во режија на Ненад Витанов и „Чичко кuмплуг“ според пиесата „Прирачник за самоуништување во режија на Јани Бојаџи и од албанската драма претставите „Амбасадор“ во режија на Андреј Цветковски и „Не се работи за славејчињата“ во режија на Ќендрим Ријани. Покрај претставите, одвоени се финансии и за 29-то издание на МТФ Денови на комедија 2026 година-изјави Дени Синадиновски од Центарот за култура Куманово.

Реклама

Од областа на фолклорната дејност, Министерството одобрило 230.000 денари за три проекти, меѓу нив „Семинарот за традиционална музика и игра“. Четири прокети ќе реализира Центарот од музичката и музичко-сценската дејност за 300.000 денари. Од областа на литературата и издавачката дејност одобрени се два проекта за што се одвоени 400.000 денари, меѓу нив и Меѓународниот фестивал на прозата. Седум проекти ќе се изработат од областа на визуелните уметности, архитектура и дизајн за 385.000 денари.

– Да не ја заборавиме и поддршката од Општина Куманово, која за годишната програма за дејностите, одобри 570.000 денари-изјави Синадиновски.

Од Центарот потсетуваат дека последната недела од месецот е посветена на драмската дејност, при што беше изведена претставата „Сакатиот од Инишман“. Во првата недела од март ќе биде одиграна претставата „Црвенкапа“ наменета за најмладата публика, по што следуваат два настана по повод Денот на жената – изложбата „Жените и фотографијата“ и настап на ДМФА „Срма“.