Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Центар за климатски промени: Македонија се соочува со зголемен ризик од суша, потребни се повеќе финансиски средства и мерки за адаптација

Македонија се соочува со зголемен ризик од суша поради што се потребни повеќе финансиски средства за реализација за мерки за адаптација, оценуваат од Центарот за климатски промени по повод Светскиот ден за борба против опустинувањето и сушата.  Оттаму посочуваат дека земјите од Медитеранот, вклучително и Македонија, се сè повеќе изложени на подолги сушни периоди, намалени […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се соочува со зголемен ризик од суша поради што се потребни повеќе финансиски средства за реализација за мерки за адаптација, оценуваат од Центарот за климатски промени по повод Светскиот ден за борба против опустинувањето и сушата. 

Оттаму посочуваат дека земјите од Медитеранот, вклучително и Македонија, се сè повеќе изложени на подолги сушни периоди, намалени врнежи и континуиран пораст на температурите.

– Овие промени директно влијаат врз водните ресурси, земјоделството и стабилноста на локалните заедници, при што последиците сè почесто се одразуваат и преку економски загуби и зголемена социјална ранливост, велат од Центарот за климатски промени.

Реклама

Алатка за проценка на ризиците и ранливоста на локалните заедници од климатските промени, изработена во рамки на проектот Green B-LEAF покажуваат дека, и покрај зголемената изложеност на ризици, подготвеноста на општините во медитеранските региони останува ограничена, што укажува на потребата од посистематски и долгорочни пристапи во управувањето со климатските ризици.

– Според спроведените национални анализи и проценки, во Македонија значителен дел од Североисточниот, Скопскиот, Вардарскиот, Пелагонискиот и Југоисточниот Регион се оценети како ранливи на суша, со особено чувствителни подрачја како Скопската и Штипската котлина и Овчеполието. Овие резултати ја нагласуваат потребата од локално прилагодени политики, подобро планирање и инвестирање во зголемување на отпорноста на локалните заедници, велат од Центарот за климатски промени.

Според Центарот за климатски промени, сушата останува еден од најсериозните предизвици на современите климатски промени, кој бара координиран, навремен и интегриран одговор на сите нивоа на управување. Во таа насока, неопходно е зајакнување на институционалните и локалните капацитети за проценка на ризиците и стратешко планирање, како и обезбедување соодветни финансиски средства за спроведување на мерки за адаптација кон климатските промени, велат оттаму.