Реклама

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Економија

Ценовен струен шок во најава- ЕСМ бара за седум проценти повисока цена

Не чека ли „ струен удар “  по Нова Година со новите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не чека ли „ струен удар “  по Нова Година со новите сметки за струја ?  ЕСМ ќе ја продава електричната енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи  на универзалниот снабдувач за 57 евра за мегават час, што е поскапо за 7,5 % од моменталната цена од 53 евра .

Понудата  била одбрана како најповолна на тендерот на Универзалниот снабудвач, а повисоката цена важи за покривање за 95 проценти од вкупно потребните количини. Од барањата од ЕСМ  најмногу зависи и  крајната пресметка која ќе стигне до граѓаните .

За покривање на останатите 5% од вкупно планираните количини, ЕВН Хоме доби две понуди и тоа од АД ЕСМ, по купопродажна цена на електричната енергија од 120,01 евра за мегават час и од компанијата Соле24 ДООЕЛ по цена од 130 евра за мегават час.

Реклама

ЕВН Хоме одлучи да не прифати ниту една од пристигнатите понуди за овие количини, за да го ограничи влијанието на крајната цена на електричната енергија.

Покрај цената на ЕСМ во крајната пресметка влегуваат и трошоците кои ќе ги достави МЕПСО , како и МЕМО и цената од електродистрибуција .  Финалната цена на струјата овој пат ќе ја слушнеме од ЕВН, ама пресметките претходно мора да добијат „ амин “ од Регулаторна.

Инаку,  понудата од ЕСМ стигна еден ден пред да стартува дневната евтината тарифа од 13-15 часот . Се поставува прашањето , дали поскапата цена од државните електрани ќе ги „ изеде “  придобивките од евтината струја.

Сепак , не сите граѓани ќе можат да  перат , готват и да завршуваат останати домашни обврски на евтина струја поради тоа што се уште трае промената на броилата .  ЕВН упати и апел граѓаните да ги проверат, ако на броилото од утре од 13-15 часот има ознака Т2 , тоа значи дека домаќинството има евтина тарифа .