Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Целосно реновирана и опремена лабораторијата во Општата болница во Дебар

По неколкуте значајни активности реализирани во неколку одделенија во дебарската Општа болница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По неколкуте значајни активности реализирани во неколку одделенија во дебарската Општа болница со проширена дејност, која со својата дејност ја покрива и општина Центар Жупа, заврши целосното реновирање на лабораторијата.

-Целосно е завршено реновирањето на просториите и сега, може да кажам, дека имаме модерна лабораторија. Извршена е замена на прозорците и вратите, поставени се нови плочки во сите простори и направен нов простор за шалтерите, осветлувањето сега е целосно ново со лед светилки, поставена е и нова електрична и водоводна инсталација, како и други неопходни зафати. Овој пат сакаме да му се заблагодариме на Арбен Абазоски, наш печалбар, кој придонесе со половина од вкупната инвестиција, рече за МИА, Мерсим Колеци, директор.

Додаде дека продолжуваат и понатаму со набавка на посовремени апарати за лабораторијата, а во насока на тоа деновиве болницата набавила нов лабораториски уред HumaCount 80, во вредност од околу 7000 евра, кој овозможува извршување на 80 анализи на крвта за 60 минути, со што значително се подобрени и квантитетот и квалитетот на анализите.

Реклама

-Нашите сограѓани кои порано одеа на испитувања во други зравствени установи, пред се во соседните градови, без проблем можат да ги направат сите анализи во лабораторијата во Дебар, која е и кадровски екипирана. Пред два дена, за интерното одделение набавивме нов 12-канален ЕКГ апарат. Претходно целосно нов лик добија неколку одделение, нагласи Колеци.

Во моментот во тек е обновата на фасадата и прозорците на болничката зграда, што е поврзано со енергетската ефикасност на објектот.

(МИА)