Реклама
Прилози

ЦДУ победи на изборите во Германија, Мерц сака коалиција со СПД

По убедливата победа на Конзервативната партија ЦДУ/ЦСУ на чело со Фредрих Мерц,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По убедливата победа на Конзервативната партија ЦДУ/ЦСУ на чело со Фредрих Мерц, демохристијаните освоија 208 пратенички места, а зад нив со 152 пратеници се крајно-десната партија АфД. Историскиот најслаб резултат со 30-тина пратенички места помалку се социјалдемократите на актуелниот канцелар Олаф Шолц. Идниот германски канцелар, Фридрих Мерц наведе три главни прашања што ги гледа како приоритети за неговата влада. Прво, надворешната и безбедносната политика, бидејќи како што рече „ според изјавите од Вашингтон минатата недела, јасно е дека ние Европејците мора да бидеме способни да дејствуваме многу брзо“. Второ, тој зборуваше за миграцијата, со „предлози на маса“ и трето економската ситуација во земјата.

„Но, сега ќе разговараме и главната работа е да се создаде влада во Германија која ќе може повторно да дејствува што е можно побрзо, со добро парламентарно мнозинство. Затоа што драги пријатели, светот надвор не чека. И не чекаат долги коалициски разговори и преговори. Сега мораме повторно да можеме брзо да дејствуваме за да можеме внатрешно да ја направиме вистинската работа и повторно да бидеме присутни во Европа“ вели Фредрих Мерц, кандидат за канцелар на Германија од ЦДУ/ЦСУ

Второ рангираната партија „Алтернатива за Германија“, на Алис Вајдел предупреди дека очекува да бидат дел од владата бидејќи секоја друга коалициска Влада би била нестабилна и немала долго да трае.

Реклама

„Ова е неверојатен успех со оглед на тоа што нашата партија има само 12 години. Никој во Европа за толку кратко време не успеал да се етаблира како народна партија. Ние сме народна партија, постојано сме втора најсилна сила во Германија“ кажа Алис Вајдел, АфД

Сегашниот канцелар на Германија Шолц, по изборите му честиташе на Мерц за победата, но и потенцираше дека со вакви резултати никогаш не треба да се помират социјалдемократите.

„За мене е важно најпрво да им честитам на ЦДУ/ЦСУ, на претседателот на ЦДУ, Фридрих Мерц, за задачата за формирање на идната влада. Честитки за резултатите од изборите. Живееме во демократска земја и се бориме за демократија, СПД со својата долга историја е како ниедна друга партија во оваа земја и, затоа сакам да си појаснам дека екстремно десничарската партија како АфД добива такви изборни резултати во оваа земја. Ова никогаш не треба да биде нешто со кое се помируваме“ вели Олаф Шолц, канцелар на Германија

Според последните резултати од парламентарните избори во Германија, најмногу гласови освоиле ЦДУ/ЦСУ за кои гласале 28,5 отсто, на второто место е десничарската Афд со 20,5 и на третото место социјалдемократите со 16,5 отсто. Лидери од Европа и светот со  честитики за победата на Фридрих Мерц кој настојуваше да добие силен мандат за да формира влада само со уште една партија, но сега ќе мора да бара поширока коалиција. Преговорите за новата германска влада може да траат со месеци, а не е исклучена ниту можноста за нови избори.

Давид Крстевски