Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Царинската управа лани поднела 213 кривични пријави, утврдена штета врз буџетот од 102 милиона денари

Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги минатата година поднело…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги минатата година поднело вкупно 213 кривични пријави против 443 физички и 160 правни лица до Основното јавно обвинителство и Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Притоа во 196 случаи е утврдена штета врз буџетот од 102 милиона денари, соопшти денеска Царинската управа.

Како што се наведува во соопштението, бројот на поднесени кривични пријави е зголемен за повеќе од двојно во споредба со 2024 година кога бeа поднесени 91 кривична пријава, при што најголем дел од поднесените кривични пријави, дури 80 проценти, беше евидентиран од октомври.

Од Царинската управа појаснуваат дека за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги се спроведени истраги и поднесени се седум кривични пријави, за шверцување 40 кривични пријави, за царинска измама 39 кривични пријави, за фалсификување исправа 85 кривични пријави, а за недозволено тргување со оружје поднесени се седум кривични пријави.

Реклама

– Поднесени се и кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластувањето, вршење меѓународен јавен превоз без поседување лиценца, како и за избегнување плаќање акциза. Дури 103 од поднесените кривични пријави се поднесени за сторени кривични дела со 232 возила – информираат од Царинската управа.

Од таму истакнуваат дека во текот на предистражните дејства од страна на службата против економски криминал при проверка на докази за потекло до странски служби испратени се 450 барања, при што во 223 случаи е утврдено дека доказите за потекло се невалидни.

– Со странски служби извршени се и 71 проверка на увозни фактури. Дополнително, од страна на службата за финансиски истраги отворени се 15 финансиски истраги против 19 физички и девет правни лица, при што целта е детекција и конфискација на нелегално стекнат имот, а со тоа и дестабилизација на криминалните групи – се наведува во соопштението.

Царинската управа најавува дека ќе продолжи со спроведување засилени контроли и истраги со цел ефикасна борба против криминалот и заштита на финансиските интереси на државата.