Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Царинска управа: Запленети цигари, марихуана, суплементи, парфеми, алкохол

Вкупно 40 штеки цигари, пет грама марихуана, 2.700 ќесички суплементи, 17 парфеми,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 40 штеки цигари, пет грама марихуана, 2.700 ќесички суплементи, 17 парфеми, 7.500 евра, 600 пакувања со вештачки трепки, 35 литри алкохолни пијалаци и разна друга стока, е запленета во текот на изминатите денови, во случаи на откриени прекршочни дела, при што против сторителите е спроведена соодветна постапка, соопштија попладнево од Царинската управа.

– Најголем дел од случаите се откриени од мобилните тимови, кои при контроли, извршени на граничните премини и во внатрешноста на државата, открија и спречија повеќе прекршочни дела. Вкупно 40 штеки цигари и 17 парфеми, се откриени на Меѓуградската автобуска станица – Скопје при контрола на автобус со турски регистарски таблички, што сообраќал на редовната линија Истанбул – Гостивар. Непријавените производи биле пронајдени на повеќе места во внатрешноста на автобусот – фиоката над возачот, позади возачкото седиште, во фиоката над предните скали, под и на претпоследните седишта и во просторот за одмор на возачите, се наведува во соопштението.

Пет грама опојна дрога марихуана била откриена при контрола на патнички кампер со швајцарски регистарски таблички со што француски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин „Блаце“.

Реклама

– При претрес на возач на автобус на граничниот премин „Табановце“, откриени се непријавени 9.500 евра. На лицето, македонски државјанин, согласно законските прописи му се вратени две илјади евра, а останатите 7.500 евра се запленети, се додава во соопштението.

Во друг случај на граничниот премин „Табановце“, мобилен тим при контрола на камион со скенер, открил разна стока што не била пријавена меѓу која и опрема за уредување на домот. 

– При контрола на минибус на влез во државата на граничниот премин „Блаце“ се откриени дури 2.700 ќесички со суплементи „Arabesca genitals“ и „Arabesca slim mix“, кои биле скриени на различни места во возилото. Возачот на минибусот, изјавил дека пронајдената стока е пратка што требало да ја достави на лице во Скопје, се додава во соопштението.

Вкупно 600 пакувања со вештачки трепки биле пронајдени при контрола на патните торби на италијанска државјанка, која допатувала на Меѓународниот аеродром – Скопје со лет од Рим.

– При контрола на стока со потекло од Турција, наменета за фирма од Гостивар, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 4 се запленети 120 пара чорапи со ознаки на заштитена трговска марка поради основано сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, пишува во соопштението.

Во други случаи пак, царински службеници на граничните премини „Дојран“ и „Табановце“, откриле прекршочни дела при што запленети биле употребувана пумпа, 35 литри алкохолни пијалаци, 117 парчиња облека, како и разна друга стока.