Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Царина заплени речиси 3.000 парчиња шверцувана стока на повеќе премини

Царинските службеници и мобилните тимови на граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царинските службеници и мобилните тимови на граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село во изминатиот период запленија речиси три илјади парчиња различна стока – меѓу кои алкохолни пијалоци, електронски цигари, облека со потпис на заштитени трговски марки, и автоделови пронајдени во возила, автобуси и товарни моторни возила. Против сторителите се водат посебни постапки.

На граничен премин Блаце, како што соопшти денеска Царинската управа, запленети се повеќе од 700 парчиња разна стока, меѓу која играчки, парфеми, козметика и мебел.

-Вкупно 600 парчиња разна стока, во најголем дел играчки се пронајдени во фабрички шуплини на комбе, управуван од македонски државјанин. Во друг случај откриени се вкупно 143 парчиња парфеми и козметика пронајдени под патосниците на задните седишта како и во багажниот простор на автомобил управуван од македонски државјанин. Во товарно возило кое на влез во државата е пријавено како празно, царинските службеници откриле вкупно три парчиња гарнитури мебел, се наведува во соопштението.

Реклама

Царинските службеници на граничниот премин Табановце во текот на изминатите денови, во три одделни случаи заплениле 26 шишиња алкохолни пијалоци, над 200 парчиња електронски цигари и уред за авто-дијагностика. Дополнително, мобилен царински тим открил и спречил обид за шверц на осум сета воздушни и водни пумпи со соларен панел, наменети за фонтани и аквариуми.

Во првиот случај, како што информираат од Царинската управа, 26 шишиња алкохолни пијалоци со проценета вредност од околу 30 илјади денари биле пронајдени во автомобил со германски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин. Лицето не ја пријавило стоката со цел да избегне плаќање царински давачки во износ од околу 7 илјади денари.

Во вториот случај, царинските инспектори пронашле 209 парчиња електронски цигари во две торби на патник кој патувал со автобус на релација Брисел – Скопје.

Третиот случај се однесува на уред за авто-дијагностика, откриен во автомобил со привремени германски таблички, управуван од македонски државјанин.

Во посебен случај, Службата за мобилен скенер при контрола на товарно моторно возило откри осум сета водни и воздушни пумпи со соларен панел.

На граничниот премин Богородица, при контрола на стока во транзит, мобилни тимови запленија 1.200 парчиња безжични контролери за Sony PlayStation и 650 парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки. Запленетата стока е одземена поради сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост.

На граничниот премин Ново Село, царинските службеници заплениле автоделови кои биле пронајдени во автомобил управуван од македонски државјанин. Стоката е запленета, а против сторителот е поведена соодветна постапка, велат од Царинската управа.