Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Прилози

Царина и Централен регистар се дигитално поврзани – Потврдите за царински долг сега ќе се добиваат електронски

Центарот за регистар и Царинската управа дигитално се поврзаа. Заврши првата фаза…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центарот за регистар и Царинската управа дигитално се поврзаа. Заврши првата фаза од надградбата на едношалтерскиот систем, со кој отсега македонските компании по електронски пат ќе можат да ги добиваат потврдите за царински долг. На годишно ниво во просек се издаваат од 7000, до 9000 хартиени потврди за царински долг, а за секое барање, беа потребни минимум пет до седум дена, што претставуваше дополнителен административен товар за македонските фирми.

„Хартиените потврди за царински долг кои се потребни за упис и промени на правниот субјект во централниот регистар стануваат минато. Ценралниот регистар со само еден клик ги добива овие податоци од Царинската управа електронски во реално време, што за фирмите и граѓаните значи заштеда на време и ресурси. Истовремено на овој начин овозможуваме безбедност, интегритет и точност на обезбедените податоци, со што делуваме во насока за сузбивање на можни измами“, изјави Бобан Николовски, директорот на Царинската управа.

Во наредниот период Централниот регистар ќе ја прошири електронската размена и со Управата за јавни приходи, со цел  автоматски да се добиваат потврдите за платени даноци и придонеси. Потоа ќе следи поврзување и со Централниот регистар на население, со што ќе се дигитализира и преземањето на податоците за граѓаните и фирмите. Ова значи уште поголема заштеда на време, намалени трошоци и надминување на административните пречки.

Реклама

„Тоа е потврдата за платени даноци и придонеси и понатаму ќе следи поврзувањето со Централниот регистар на население, во делот  на превземање автоматско на податоците на граѓаните, меѓутоа и на деловните субјекти во делот на Царина за платените царински давачки. Ова секако значи заштета на време за граѓаните, заштеда на средства финансиски, пред се патни трошоци, меѓутоа и надминување на административната работа која што во моментов ја имаме заедно со царина“, изјави Анита Стамнова, директор на Централниот регистар.

Македонските компании сè повеќе се прилагодуваат на дигиталното време, покажуваат бројките. Електронските поднесувања на документи и пријави годинава е зголемено за 40 отсто во споредба со 2023 година. Од надлежнте институции се задоволни бидејќи фирмите сè повеќе работат и поднесуваат документи дигитално, а електронските услуги стануваат новиот стандард за брза, модерна и ефикасна администрација.