Реклама

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Прилози

Царина и Централен регистар се дигитално поврзани – Потврдите за царински долг сега ќе се добиваат електронски

Центарот за регистар и Царинската управа дигитално се поврзаа. Заврши првата фаза…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центарот за регистар и Царинската управа дигитално се поврзаа. Заврши првата фаза од надградбата на едношалтерскиот систем, со кој отсега македонските компании по електронски пат ќе можат да ги добиваат потврдите за царински долг. На годишно ниво во просек се издаваат од 7000, до 9000 хартиени потврди за царински долг, а за секое барање, беа потребни минимум пет до седум дена, што претставуваше дополнителен административен товар за македонските фирми.

Хартиените потврди за царински долг кои се потребни за упис и промени на правниот субјект во централниот регистар стануваат минато. Ценралниот регистар со само еден клик ги добива овие податоци од Царинската управа електронски во реално време, што за фирмите и граѓаните значи заштеда на време и ресурси. Истовремено на овој начин овозможуваме безбедност, интегритет и точност на обезбедените податоци, со што делуваме во насока за сузбивање на можни измами“, изјави Бобан Николовски, директорот на Царинската управа.

Во наредниот период Централниот регистар ќе ја прошири електронската размена и со Управата за јавни приходи, со цел  автоматски да се добиваат потврдите за платени даноци и придонеси. Потоа ќе следи поврзување и со Централниот регистар на население, со што ќе се дигитализира и преземањето на податоците за граѓаните и фирмите. Ова значи уште поголема заштеда на време, намалени трошоци и надминување на административните пречки.

Реклама

„Тоа е потврдата за платени даноци и придонеси и понатаму ќе следи поврзувањето со Централниот регистар на население, во делот  на превземање автоматско на податоците на граѓаните, меѓутоа и на деловните субјекти во делот на Царина за платените царински давачки. Ова секако значи заштета на време за граѓаните, заштеда на средства финансиски, пред се патни трошоци, меѓутоа и надминување на административната работа која што во моментов ја имаме заедно со царина“, изјави Анита Стамнова, директор на Централниот регистар.

Македонските компании сè повеќе се прилагодуваат на дигиталното време, покажуваат бројките. Електронските поднесувања на документи и пријави годинава е зголемено за 40 отсто во споредба со 2023 година. Од надлежнте институции се задоволни бидејќи фирмите сè повеќе работат и поднесуваат документи дигитално, а електронските услуги стануваат новиот стандард за брза, модерна и ефикасна администрација.