Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Црвен картон за заканувачот Емил Јакимовски – по заканите на новинaрите заврши во полиција

Емил Јакимовски кој се закануваше на новинарките Искра Коровешовска и Мери Јордановска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Емил Јакимовски кој се закануваше на новинарките Искра Коровешовска и Мери Јордановска заврши во полициска станица. Од МВР потврдија дека тој се појавил во скопска полициска станица каде дал исказ, по пријавите за закани од двете новинарки.

Во меѓувреме не стивнуваат реакциите од новинарите кои ги осудуваат ваквите случаи. Напад врз новинар е напад врз јавноста и врз демократијата. Ова за Алфа го изјави долгогодишниот новинар Јасмина Миронски, по низата закани и навреди врз новинарките Искра Коровешовска и Мери Јордановска.

Според Миронски, треба час поскоро да се стави црвена линија и да се донесе функционален Закон кој ќе го среди хаосот во социјалните медиуми во насока на заштита на новинарите од напади.

Реклама

Со осуда излезе и техничкиот премиер. Рече дека слободните медиуми се украс на секоја европска демократија.

– Медиумите кои известуваат независно, непристрасно и професионално се гарант на развојот на демократијата во општеството и чувар на слободната мисла и сите новинари и медиумски работници треба да уживаат максимална заштита и слобода. Го осудуваме секое насилство и говор на омраза против новинарите и медиумските работници. Институциите се должни секој напад врз интегритетот на новинарите да го истражат, докажат и санкционираат, рече техничкиот премиер.

Загрижена е и канцеларијата на Обсе. Од таму ги осудија „Фејсбук“ нападите врз новинарките Искра Коровешовска и Мери Јордановска и порачаа дека безбедноста на сите новинари е круцијална за слободата за медиумите.

Инаку, Емил Јакимовски, човекот кој деновиве е актуелен по низата закани не само на новинари, тук и на директорката на Централниот регистер, остана без работа. Изминатите денови испраќаше закани и пораки полни со невистини, пцости и вулгарности.

Најостра осуда стигна и од здруженијана на новинари. ССНМ и ЗНМ бараат измени во кривичниот законик, со кои напад врз новинари и медиумски работници ќе се третира како напад врз службено лице.

Инаку, неказнивоста на ваквите дела ја доведе земјата на 95 место на светскиот индекс за слободата на медиумите на „Репортери без граници“, зашто се апелира на брзо и ефективно процесуирање на овие предмети.

Борис Грујоски