Реклама

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Прилози

Чудна логика на СДСМ: Продолжија со заканите кон ТВ Алфа по објавувањето на златната виза на Венко Филипче

Објавувањето на каква било информација за залтната виза на Венко Филипче според…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Објавувањето на каква било информација за залтната виза на Венко Филипче според неговата парија е кривично дело. Повторно индиректно признаа дека е автентична и продолжија со заканите кон ТВ Алфа.

Документите ги добивме од свиркачи и се од висок јавен интерес, но според нив надлежните требало да испитуваат како работиме ние а не како нивниот лидер преку самофинансирање дошол до визата, за да биде извршен директор во Дубаи.

Чудна логика на социјалдемократите. Портпаролката Богданка Кузеска од партиската говорница повторно ја продолжи истата реторика за некаков приватен Мосад, кој делувал во Македонија.

Реклама

-Доколку се веродостојни, тоа покажува дека повторно се потврдува тоа што го кажувавме ние, дека токму работи „BlackCube“, односно Мосадво Македонија, дека се има соработка со ВМРО-ДПМНЕ и дека токму се злоупотребуваат документи повторно на нелегален начин, на она како што го кажавме ние, следење, прислушкување, афери, измислување, манипулации и се она што може да дискредитира една личност, изјави Кузеска.

Во СДСМ изгледа не знаат за терминот јавен интерес, затоа што Филипче е политичар, поранешен министер и актуелен претседател на партијата за која самиот тврди дека е најголема опозициска во државата. Според социјал демократите, целта на објавувањето на златната виза, била за дефокус на јавноста

-Двете варијанти подлежат на кривична одговорност, доколку се фалсификувани, некој ги фалсификувал и некој ги искористил за да прави манипулации во јавноста, односно дефокус за се она што се случува во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, за да се покријат сите оние теми на кои што ние зборуваме за сиромаштијата, да се зборува токму за она што го објави телевизија Алфа, изјави Кузеска.

Иако СДСМ најави дека ќе поднесе кривична пријава за Алфа во рок од 24 часа, од нејасни причини тоа се уште го немаат направено. Инаку на темата виза, Филипче уште лани се демантираше самиот себе. Прво немал, па имал зошто бил доктор, за после да биде објавено дека била за да биде извршен директор во Дубаи. На 25-ти април 2025-та прво немаше. За само две недели подоцна да каже дека имал, но ја добил бидејќи бил стручен како доктор и неврохирург, па преговарал за работа во болница во Дубаи, а не за да биде извршен директор, како што е наведено во документите.

Матеја Петровски