Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Прилози

Чучуљ и официјално на чело на Антикорупциска – ќе се врати ли интегритетот на институцијата?

Враќање на интегритетот на Антикорупциската комисија, транспарентност и поголема доверба во институциите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Враќање на интегритетот на Антикорупциската комисија, транспарентност и поголема доверба во институциите – но и поправка на оценките што Македонија ги добива од Брисел. Вака ги постави приоритетите новоизбраниот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ, кој денеска и официјално ја презеде функцијата со свечена заклетва во Собранието.

„Ќе се залагам за дигитализација, за превентивните алатки. Во фаза сме на подготовка на новата Национална стратегија, која се изготвува во инклузивен процес, со учество на сите релевантни фактори во државата. Како превентивна алатка се надевам дека ќе биде многу поконцизна и поспроведлива за разлика од претходната. Со тој механизам ќе придонесеме да се отстранат системските слабости кои генерираат корупција. Исто така напоменав дека во фокусот како претседател, се надевам ќе имам поддршка од целата Комисија, да ја зголемиме нашата проактивност во делот проверка на имотната состојба на избраните и именуваните лица бидејќи тоа е една од забелешките во Извештајот на ЕК, а е шеста препорака на ГРЕКО“, изјави Адем Чучуљ, претседател на Антикорупциска комисија.

Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 која треба да ги детектира слабостите и да понуди алатки за нивно надминување е во завршна фаза, објасни Чучуљ на меѓународниот ден за борба против корупцијата.

Реклама

За познавачите на ова поле, позитивен сигнал е дигитализацијата, но предупредуваат дека системските ризици од корупција и понатаму сериозно ја оптоваруваат државата. Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 млади, ја отвори болната тема за нефункционалните институционални контроли и последиците од нив.

„Мислам дека заслужува земјата многу поодлучна борба и инвестиција во борбата против корупција и на страната на инспекциските служби и на превентивните органи како ДКСКО, и на репресивните органи како полицијата и правосудството. Во сите тие потребно е да видиме многу повеќе инвестиција, но и истовремено работа, одговор и резултати од тие институции“, изјави Миша Поповиќ, Институт за демократија.

Адем Чучуљ е дел од Антикорупциската од 2006 година – почнал како записничар, а минатата година беше именуван за генерален секретар. Сега е избран едногласно, со 82 гласа во парламентот, во момент кога институцијата се обидува да ја врати нарушената доверба и да одговори на засилениот јавен притисок. Потребата за нов претседател среде мандат се отвори по оставката на Татјана Димитровска, која летово се повлече поради обвиненија за оддавање службена тајна во корупциски предмет и измама при добивање сертификат за класифицирани информации.