Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Чонески: Крушево добива нова спортска сала, велосипедски патеки и комплетно решение за дивата депонија

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Крушево, Нико Чонески, на денешниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Крушево, Нико Чонески, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека се потребни промени и јасен план за работа во Крушево, затоа што општината е без насока и визија, со долгови и нерешени проблеми од повеќе области, за кои тој како кандидат за градоначалник има програма која нуди долгорочни решенија за чист воздух, водоснабдување, образование и развој.

„Нашето Крушево, гордоста на Македонија, денес е општина без насока, без идеја, без визија. Имаме општина која се дави во долгови. Денеска Крушево е општина со многу проблеми – од основни услови за живот, како вода, чист воздух и чиста животна средина, до образование и развој. Културниот живот во Крушево, кој беше синоним за живост и традиција, денес полека замира, оставен без поддршка и визија за иднината. Затоа нудиме програма што не е список на празни ветувања. Нашата програма е патоказ по кој ќе се движиме, но и домаќински даден збор кој ќе треба да го одржиме“, вели Чонески.

Кандидатот за градоначалник за општина Крушево, Нико Чонески ја презентираше програмата која вклучува многу проекти од повеќе области, кои ќе донесат  решенија за проблемот со дивата градска депонија, со водоснабдувањето, како и изградба на спортска сала, обиколница, патеки за планински велосипедизам и санација на сите училишни сали.

Реклама

„Што ветуваме во следниот период од 4 години: решавање на проблемот со дивата градска депонија, но и организирано собирање на сметот во селата, решавање на проблемот со водоснабдувањето во Општина Крушево, изградба на две нови полетишта за параглајдинг и змејарство, изведба на 40 километри патеки за планински велосипедизам, изградба на нова спортска сала, Изградба на обиколница. изградба на канализациони системи во Бучин, Св. Митрани, Врбоец, Алданци, Пресил, Норово, Саждево и Борино. Решенија за нови паркинг места, реновирање и санација на сите училишни згради, уредување на центарот на градот и фасадно уредување на Крушевската чаршија, организирање на повеќе културни манифестации и враќање на манифестацијата „Крушево етно град“ и многу други проекти од инфраструктурата, економијата, културата и образованието“, рече Чонески.