Реклама

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Македонија

„Во Фокус“ на Алфа: Членовите на Судскиот и Обвинителски совет не се откажуваат од фотелјите во Академијата за судии и обвинители

Антоанета Димовска од Судскиот совет, претседателката на Советот за јавни обвинители, Душица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Антоанета Димовска од Судскиот совет, претседателката на Советот за јавни обвинители, Душица Димитриевска и нејзиниот заменик Башким Бесими мува не ги лази за укажувањата на Антикорупциска и рекациите во јавноста зашто во исто време седат на две столици. На овие функции, а и во Академијата за судии и јавни обвинители.

Додека претседателот на Судски совет Александар Камбовски  најавува дека ќе има колективна одлука за ова прашање, неговата колешка Димовска не мисли така. Таа во телефонски разговор за Алфа вели дека Антикорупциска греши со одлуката да им се запрат функциите во Академијата поради судир на интереси.

Пред два месеци заедно со екс претседателката Весна Дамева коментираа дека Антикорупциска се ставила во улога на суд, а и селективно одлучила само за нив, бидејќи како што велат концентрација на моќ има и кај останатите членови од Управниот одбор на Академијата.

Реклама

Чекор подалеку отидоа членовите на Советот на јавни обвинители во нападите против Антикорупциска. За нив, одлуката на антикорупционерите е неподобна. Претседателката на советот Душица Димитриевска во телефонски разговор за Алфа тврди дека таа заедно со нејзиниот заменик Башким Бесими законски станале членови на Управниот одбор во Академијата. Ставот и денеска не им е променет од седницата во ноември кога одлучија дека одлуката за нивните две фотелји е неподобна за извршување и противречна.

По разгледувањето на одлуката заеднички став на сите присутни членови на Советот на јавните обвинители е дека се работи за одлука која е неподобна за извршување и противречна во самата изреката. Видно е дека одлуката е донесена согласно одредбите од член 40 став 3 од Деловникот за работа на ДКСК согласно која одредба ДКСК носи одлука за запирање на натамошното постапување по предмети во случаи кога со утврдената фактичка состојба не е констатирана повреда на законот, Извадок од записникот од седницата на СЈОРМ 27.11.2024.

Сепак, не толку тврдокорен е членот на Судскиот совет Ханиф Зендели. Тој пред еден месец ја повлече номинацијата, најверојатно под притисокот од јавноста.

Антикорупциска спори дека има судир на интереси во случајов бидејќи членовите на советите треба да одлучуваат и за кандидатите од Академијата, а потоа да ги избираат и оценуваат. Веднаш по одлуката на антикорупционерите коишто побараа членовите да ги повлечат номинациите и да се запре нивното членување во Управниот одбор на Академијата, Судксиот совет и Обвинителскиот совет одговорија дека нема ништо да преземат. Правната фела овие случувања ги коментира како причина плус за недовербата на граѓаните во судскиот систем којшто и онака одамна ја има изгубено.