Реклама

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Прилози

Чилиманов: Изборот во ОН е потврда за активната македонска дипломатија

Новото место на Македонија во Њујорк, во Обединетите нации е потврда дека имаме активна дипломатија на високо ниво. Вака дел од познавачите го толкуваат новото членство на Македонија во економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации подржано од 174 земји. Досега бевме земја која само бараше нешто, а од сега можеме и да одлучуваме и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новото место на Македонија во Њујорк, во Обединетите нации е потврда дека имаме активна дипломатија на високо ниво. Вака дел од познавачите го толкуваат новото членство на Македонија во економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации подржано од 174 земји. Досега бевме земја која само бараше нешто, а од сега можеме и да одлучуваме и сме на иста линија со високо развиени земји во светот, коментира колумнистот Цветин Чилиманов.

„Македонија во минатото била земја која зависела до негде од вакви програми на институции кои ги води ОН и чија работа се уредува преку овој совет. Сега сме веќе друго нешто сега сме држава која што не зависи од проеки, туку може да влијае врз насочувањето на средства на други места кадештои се пвеќе потребни во некои кризни ситуации. Добро е да сме таму кадешто се носат одлуките“, вели Цветин Чилиманов, новинар и колумнист

Економскиот и социјален совет е еден од шесте главни органи на Обединетите нации. Членството на Македонија во ова тело значи дека земјата директно ќе учествува во креирањето на глобалните политики. Советот во кој влезе Македонија има централна улога во креирањето на економските политики, развојните стратегии, социјалните и хуманитарни прашања.

„Се работи за шест главни подорганизации на ОН коишто мнгу влијае на работата на институции на ОН како Светската здравствена организација, УНИЦЕФ и др. “вели Цветин Чилиманов, новинар и колумнист

Реклама

Од Министерството за надворешни работи информираа дека членството ќе овозможи учество на Македонија во дебати, но и зголемена меѓународна видливост. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и премиерот Христијан Мицкоски го оценија изборот како историски успех на Македонија. Ова е успех на македонската дипломатија и успех на континуирана работа и ангажман. Според нив членството во економскиот и социјалниот совет е силен сигнал дека Македонија има кредибилитет и активна улога во мултилатералните процеси, градењето на партнерствата и во решавањето на глобалните прашања.Ова е прво членство на Македонија во едно од главните тела на ОН од стекнувањето независност.  Гласањето се одржа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, каде кандидатурата на Македонија доби широка меѓународна доверба. Ова доаѓа по претходните позиции на државата во Советот за човекови права на ОН и во Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје.