Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Четириесетина планинари на Бошавска јужна трансверзала

Четириесетина планинари од разни делови на државата се дел од денешната Бошавска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четириесетина планинари од разни делови на државата се дел од денешната Бошавска јужна трансверзала 2026 година, што по петти пат се реализира на Кожуф планина, во организација на Дарко Најдов, здружението „К3“ и планинарскиот клуб „Зелен брег“.

– По врвиците на славното минато, некои од планинарите за првпат ќе ги запознаат прекрасните убавини што Кожуф планина ни ги дарува бесплатно. Тргнавме со организиран превоз од Кавадарци, преку Гевгелија до месноста „Шутка“ над „Смрдлива вода“. Таму беше стартот на Бошавската јужна трансверзала, што воедно е една од ретките трансверзали на ниво на Македонија – појасни Најдов.

Од „Шутка“, се искачуваат врвовите К92, Зелен брег и Порта.

Реклама

– Планинарејќи 31 километар, планинарите ќе пристигнат во кавадаречкото село Горна Бошава, каде ги очекува организиран ручек – планинарско гравче, врачување на благодарници, награди и дружење – додаде младиот и искусен планинар Најдов.