Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Честитка за Велигден од МД „Илинден“, МАЕИ и градоначалникот на Пустец

По повод празникот Христовото Воскресение Велигден, честитка до верниците упатија Македонското Друштво…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод празникот Христовото Воскресение Велигден, честитка до верниците упатија Македонското Друштво „Илинден“-Тирана, Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција и градоначалникот на Пустец.

„Како православни верници, Велигден нè потсетува на моќта на Христовото Воскресение, а во нас ја буди надежта која очајно ни е потребна во нашите животи, за нашите работни места, за нашите семејства, за нашата иднина. На Велигден, нашите мисли и срца се со луѓето на кои им е најпотребна помош, со оние кои се чувствуваат осамено, со оние кои ја изгубиле надежта и вербата за подобра иднина. Верата Христова нè учи да делиме и споделуваме. Затоа, на Велигден отворете ги домовите и срцата за вашите сакани, но и за оние кои имаат помалку од вас. Честит и вековите Велигден“ – стои во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

И единствената македонска партија во Албанија, Македонска Алијанса за Европска Интеграција упати искрени честитки по повод Велигден.

Реклама

„Чествувањето на празникот над празниците, Христовото Воскресение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Нека Велигден ни донесе мир, љубов и нова надеж. Да се радуваме со блиските и да ја славиме светлината на животот. Ви посакуваме достојно празнување на овој свет ден, кој е темел на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагаме еден со друг, да го почитуваме семејството и блиските и да ја имаме силата која ни ја дава верата,“ посакува МАЕИ во честитката.

Од свое и од име на Општинската администрација и Советот на Општината честит Велигден посака и градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски.

„Нека овој свет ден биде исполнет со мир, љубов и благослови за вас и вашите најблиски. Нека се воскресне надежта, радоста и светлината во нашите срца. Честит Велигден“ – стои во честитката на градоначалникот Колефски.