Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Честитка од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Стоилковиќ по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, по повод 28…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, по повод 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, упатува искрени честитики и порачува дека овој значаен ден не е само симболичен датум, туку и жив потсетник на истрајноста, културната самобитност и значајниот придонес на бошњачката заедница во севкупниот развој на македонското општество.

-Нејзиниот придонес во културата, образованието, економијата и јавниот живот претставува пример за вредности како што се соживот, дијалог и солидарност – вредности кои се од суштинско значење, се вели во честитката од Стоилковиќ.

Министерството за односи меѓу заедниците и понатаму останува цврсто посветено на промовирање и заштита на правата на сите етнички заедници, како и на создавање услови за посилна социјална кохезија и меѓуетничка интеграција – вредности што се суштински за стабилноста, просперитетот и инклузивноста на нашето општество.

Реклама

-Меѓународниот ден на Бошњаците е повик и поттик – да продолжиме да ја градиме нашата заедничка иднина преку разбирање, еднакви можности и заемна почит. Во духот на овие вредности: Честит Меѓународен ден на Бошњаците, се вели во честитката од Стоилковиќ.