Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Честитка од Трамп до Сиљановска-Давкова за Денот на независноста: „Со нетрпение очекувам да го унапредиме партнерството“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, упати честитка по повод 34-годишнината од Денот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на САД, Доналд Трамп, упати честитка по повод 34-годишнината од Денот на независноста на Македонија – 8 септември, до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

„Во име на народот на Соединетите Американски Држави, ви испраќам најдобри желби по повод прославата на 34-годишнината од вашата независност“, пишува во честитката од американскиот претседател.

„Во изминатите 30 години партнерството меѓу САД и Македонија продолжи да се зајакнува и проширува. Ја ценам поддршката на Македонија за нашите напори да се постигне мирно решение на конфликтот меѓу Русија и Украина. Нашата соработка во борбата против транс-националните закани, како што се криминалот и нелегалната трговија со дрога, ги потврдува нашите заеднички вредности и цели. Соединетите Држави го поздравуваат придонесот на Македонија за меѓународниот мир и безбедност, што се гледа преку вашата посветеност кон зголемена распределба на товарот. Во годината што претстои, со нетрпение очекувам да го унапредиме нашето партнерство“, стои во честитката од Доналд Трамп.