Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Честитка од МАЕИ  и МД „Илинден” по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и Македонското друштво „Илинден” упатија честитка по повод  23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба до сите Македонци во Албанија, Македонија и ширум светот.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана и македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, упатија честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ - ОА г.г. С

-Овој значаен ден не потсетува на 1893 година, кога со формирањето на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) започна организираната борба за ослободување и обединување на Македонија. Тоа беше почеток на една славна страница во историјата на македонскиот народ – страница исполнета со пожртвуваност, идеали за слобода, правда и зачувување на македонскиот идентитет, стои во честитката на МАЕИ.

Се посакува „оваа светла дата да нè потсети и охрабри во нашите денешни напори за зачувување и унапредување на македонската култура, јазик и традиција”, како и за “јакнење на националната свест и единството меѓу Македонците, каде и да се наоѓаат”.

Реклама

-Додека се сеќаваме на сите оние кои го положија својот живот за Македонија, да се обединиме околу истите вредности – слобода, достоинство и солидарност. Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! Да живее македонскиот народ, стои во честитката на МАЕИ, потпишана од Васил Стерјовски, лидер на партијата.

МД „Илинден” честитајќи го Денот,  потсетува на формирањето и стремежот на организацијата за „ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор”. 

-Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава. Да е вечен македонскиот револуционерен идеал, да го почитуваме и славиме овој голем ден, стои во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.