Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Честитка од Димовски за Денот на независноста: Вистинскиот суверенитет се брани со силна економија, социјална правда и достоинствен животен стандард за граѓаните

Претсдеателот на СПМ, Љупчо Димовски, упати честитка по повод 8 Септември –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претсдеателот на СПМ, Љупчо Димовски, упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија.

-Ова е денот кога со особена гордост и љубов се поврзуваме со нашата Татковина – Македонија. Пред 35 години, обединети околу историското право и вековната желба – да бидеме свои на своето – македонскиот народ храбро, решително и одговорно го оствари вековниот сон на нашите предци. На 8 септември 1991 година, на нашиот Трет Илинден, македонскиот народ ја потврди својата историска определба за слободна, независна и суверена Македонија. Тоа не беше само политички чин. Тоа беше чин на народната волја и достоинство, на историската свест и одговорност, наведува Диимовски во честитката.
  
​Со Референдумот, додава тој, ја заокруживме вековната борба на македонскиот народ за своја држава, за своја земја, за право самите да одлучуваме за својата иднина.

-Државата Македонија не е случајност, не е подарок и не е туѓо дело. Таа е резултат на генерации Македонци кои верувале, истрајувале, се бореле и се жртвувале. Затоа, Македонија не може да се гради врз основа поинаква од АСНОМ-ските темели и волјата на граѓаните изразена на Референдумот од 8 септември 1991 година. Во изминатите години доживеавме и подеми и падови, и возвишена среќа, но и болка; доживеавме и големи предавства кои не се простуваат. Некои наши, со лице на светци, а во срцето волци, и името ни го продадоа, ни го одземаа достоинството и ни ги скршија крилјата во летот високо. Но, повторно опстоивме и издржавме, исто како и нашите предци, и покрај невидениот и нечовечки притисок врз нас, вели Димовски.

Реклама

​Оттаму, посочува, денес да се биде Македонец не е само право, туку и обврска да се зачува идентитетот, јазикот, културата и историјата.

-Тоа е и обврска да го чуваме наследството што ни е доверено. Обврска да го чуваме достоинството на оние пред нас и обврска да ги зачуваме идентитетот, јазикот, културата и историското паметење за оние по нас. Зашто народ без паметење е народ без корен. А ние имаме длабоки корени и историја, имаме големо македонско име, свој македонски јазик и култура и имаме наша Држава. Ние знаеме кои сме, знаеме што сакаме да бидеме, каде припаѓаме и сакаме нашата иднина да ја градиме тука – во нашата Македонија. Денес вистинскиот суверенитет се брани со силна економија, социјална правда и достоинствен животен стандард за секој граѓанин. Должни сме да ги вратиме достоинството на работникот, сигурноста на семејствата и вербата дека трудот и чесноста се вреднуваат. Македонија ќе биде силна само кога ќе биде економски напредна, праведна и социјално стабилна земја каде секој човек ќе се чувствува почитуван, вреднуван и заштитен. Наша обврска е да ја градиме како слободна, достоинствена, просперитетна и суверена држава.
Држава која ќе го чува и почитува своето минато, но храбро ќе гледа кон иднината. ​Затоа токму денес, со гордост и со вера силно порачуваме: ​Среќен 35-ти роденден, Татковино! Си била и ќе бидеш – Македонија! Да ни е вечна и вековита Македонија! Да живее Македонија!, стои во честитката од ​Љупчо Димовски, претседател на Социјалистичката партија на Македонија.