Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Прилози

Чешиново-Облешево се стабилизира по поплавите

Состојбата во општина Чешиново-Облешево е стабилна, ваква е оценката на Кризниот штаб…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Состојбата во општина Чешиново-Облешево е стабилна, ваква е оценката на Кризниот штаб по утринскиот состанок. Наставата во училиштето се одвива непречено, а со помош на Црвениот крст до населението се дистрибуира чиста вода за пиење. Надлежните очекуваат, најдоцна до утре, во корито на Кочанска Река да влезе тешка механизација на Бехтел и Енка, за да започне неговото чистење.

„Наставата во училиштето се одвива во нормални услови. На кризниот штаб присуствуваа претставници на Центарот за јавно здравје. Тие како институција да направат дезинфекција на територијата која беше зафатена од поплавите. Веднаш што ќе се создадат услови, ќе се направи дезинфекција на поплавените објекти и земјиште“, изјави Јорданчо Костадинов, градоначалник на Чешиново-Облешево.

Од денеска жителите ќе можат да ги пријавуваат настанатите штети од поплавите. Досега се пристигнати над десеттина барања за обештетување.

Реклама

„Дополнително, комисијата ќе ги сондира тие барања, по што ќе излезе на терен за да ја увиди фактичката состојба“, изјави Јорданчо Костадинов, градоначалник на Чешиново-Облешево.

Дождовите, но и поплавата, сериозно ги погодија земјоделците во Чешиново-Облешево. Според првичните проценки, околу 30% од оризовите површини останаа неожнеани, а штети има и кај житните култури.