Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Економија

„Чебрен“ потона, Шукова не ја открива причината за несупехот на тендерот кој Владата го туркаше со сета сила и покрај предупредувањата од експертите

Условите во тендерот, условите на пазарот или притисокот од јавноста ? –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Условите во тендерот, условите на пазарот или притисокот од јавноста ? – Македонија не знае што е причината зошто грчката компанија „Архиродон“  не ја продолжи банкарската гаранција со што падна во вода оптимзмот на Владата – пропадна и 14-тиот тендер за изградба на ХЕЦ Чебрен. Се претпоставува дека главната причина е тоа што Грците побарале да се сменат условите во тендерот за да имаат гаранции за заем од банка, а Македонија одби да го направи тоа. Министерката за животна средина спомена неколку можни причини , но се огради од прецизирање.

Додека беше активна гаранцијата понудувачот требаше да потпише договор за заедничко вложување, но бидејќи не добивме дополнителни информации од компанијата, банкарската гаранција не важи и не може да продолжиме понатаму. Не се изјаснија тие, но имаа дополнителни услови кои Владата не можеше да ги прифати. Компанијата соопшги дека има определени услови во тендерот кои не им овозможиле банкабилност или финансиска исплатливост, односно средства од банките за да може да го гради Чебрен, рече Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Тимот правници констатирал дека Македонија нема можност да ја активира банкарската гаранција во вредност од 1. 5 милион евра од Грците оти е истечен рокот, а се активирала само во случај ако се повлечат пред тоа. Пропаѓањето на тендерот без точно да се знае зошто се откажа грчкото електростопанство отвора низа дилеми и простор за шпекулации, што точно се преговарало меѓу двете страни и како е спроведена тендерската постапка

Реклама

Дека проектот е штетен предупредуваа експертите три месеци нананзад откако беше одбрана компанијата. Тие сметаат дека македонските ресурси треба да останат домашни.

Св Петка хидроцентралата и ХЕЦ Козјак се најдобри примери во минатите години како државата може да изгради домашни капацитети. Ако се знае дека не мора сите пари веднаш ад се дадат туку во рок од 10 години, тоа не се многу пари. Добра држава мисли на доброто на народот , не зборувам за власта , зборувам за државата , ако е добра ќе води сметка на народот .  Чебрен да остане дома , Тиквеш да остане државна, коментира професор Туневски.

Според професорот Димитров пак, распродавањето на домашното е закана за сувереноста на државата

Дозволуваме суверенитетот на државна фирма да ја јавне друга држава , не само што даваме да управува со водите, туку и со таканаречената базна енергија и да го наплатува со беразнски цени ,алармираше проф. Константин Димитров .

Одговор зошто се повлекоа грците нема ни Премиерот Ковачевски , тој не се мешал во одлуки на приватна компанија .

Инаку, Владата претходно прогласи историски успех со тоа што после 13 пропаднати тендери конечно ќе се изградела хидроцентралата, ама ни 14-ката не беше среќна. Проектот требаше да вреди 1 милијарда, а грчкото електростопанство ќе управуваше со Чебрен и Тиквеш 60 години .