Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Целосно се реконструира мостот „Естакада“ – важна сообраќајна врска за Гази Баба и за цело Скопје

Почна санацијата на мостот „Естакада“, еден од најфреквентните влезови и излези од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна санацијата на мостот „Естакада“, еден од најфреквентните влезови и излези од Скопје, кој претставува важна сообраќајна артерија за илјадници граѓани што секојдневно патуваат кон и од општините во овој дел на градот.

Проектот, како што информираат од Град Скопје, опфаќа реконструкција на пристапните рампи на површина од 10.000 квадратни метри, при што ќе се изврши гребење на постојниот асфалт и вградување на два нови асфалтни слоја. Предвидено е и самиот мост да добие нов асфалтен слој.

Во рамки на санацијата ќе се заменат рабниците и капаците на шахтите, ќе се изградат нови асфалтни тротоари, а заштитната пешачка ограда ќе биде исчистена, санирана и повторно обоена.

Реклама

Вкупната должина на коловозот што се реконструира изнесува 1,5 километри.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека проектот претставува инвестиција во побезбедна и поквалитетна инфраструктура.

-Со реализацијата на овој проект вложуваме во безбедноста, подобрата поврзаност и поквалитетното секојдневие на илјадници наши сограѓани. Скопје заслужува модерна, безбедна и функционална инфраструктура. Затоа, ќе продолжиме со санација и реконструкција на сите мостови во градот, онаму каде што е потребно- рече  Ѓорѓиевски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк:

https://www.facebook.com/reel/985952237800646