Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

🎥 Бугарски парадокс: Бугарите сега се навредени затоа што ги навредуваат Македонија и Македонците

Бугарите навредуваа, со сите сили удрија по македонскиот јазик и идентитет, па…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарите навредуваа, со сите сили удрија по македонскиот јазик и идентитет, па сега се навредија што конечно Македонија реагира на секојдневните бугарски провокации, навреди и целосно негирање на македонската нација. Попустливоста која повеќе ја нема од македонска страна, ги крена сите на нозе. Решија да реагираат премиерот, Министерството за надворешни работи, академици, дипломати. Според првиот човек на Владата во Софија, Росен Жељасков, Христијан Мицкоски требало да ја премолчи провокацијата на шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев, дека бил „северномакедонски“ премиер. Нашиот премиер требало да се извини, бидејќи одговорил на навредите кои стигнуваат од Софија.

-Колегата Мицкоски мора да најде начин да се извини, бидејќи кога шеф на влада упатува такви навреди кон член на странска влада, тоа ги нарушува добрососедските односи, ја нарушува и довербата, која е многу кревка во овие времиња. Наративот и изразот на премиерот Мицкоски ќе им го оставам на оние што го познаваат Езоп, изјави Жељасков.

Наместо извинување за зборовите на нивниот министер, бугарското МНР реагира дека Мицкоски се однесувал некомпатибилно со елемнтарните норми на дипломатскиот и полтички дијалог, како и со принципите на добрососедство.

Реклама

-МНР на Бугарија категорично го осудува неприфатливиот и навредлив јазик што го употреби г. Христијан Мицкоски во обраќањето до министерот за надворешни работи на Бугарија. Повторната употреба на вулгарни придавки кон претставниците на бугарската држава не само што ја поткопува веќе кревката доверба меѓу нашите две земји, туку ја доведува во прашање и автентичната посветеност на политичкото раководство во Македонија кон Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, велат од бугарското МНР.

Новата многу пожестока политика од страна на Македонија, му пречи и на Ангел Ангелов, поранешниот амбасадор на Бугарија во државата, во периодот додека заштитен знак на власта во Скопје беше попустливоста и прифаќањето на сите уцени од Софија. Дури во изјава ги спомнува пожарите со кои неуморно се бори државата.

-Во Македонија, сонцето очигледно сјае посветло. Ова е очигледно и од пожарите што горат на нивна територија – во вистинска смисла, не само алегорично – како што премиерот Мицкоски се обиде грубо да се однесува кон нашиот министер за надворешни работи. Ова однесување не е ниту европско ниту нормално за 21 век, изјави Ангелов.

Реагираше и бугарскиот академик, Спас Ташев, и тој реши да удри по македонскиот идентитет, но и да упати навреди кон Мицкоски.

-Глушецот Мицко, замислувајќи се себеси како лавот Мицковиќ, побара официјално извинување од Бугарија затоа што нашиот министер за надворешни работи Георг Георгиев во интервју за БТВ изјави дека Бугарија станала фактор во ЕУ и во регионот, со идеја дека Северна Македонија треба да го има ова предвид. Зборувајќи за премиерот Мицкоски, тој го нарече „северно- македонски“ премиер. Северна Македонија е Северна затоа што зафаќа само 37% од северните делови од географската област Македонија. Со 37%, не можете да бидете само Македонија и да бидете само македонски премиер, изјави Ташев.

На провокациите на Георг Георгиев, дека бил „северномакедонски“ премиер, Мицкоски одговори дека не треба да се обрнува внимание, затоа што тој одработува за оној кој од позади му дал задача „да се закача“ како кога глушецот го задева лавот. Нашето Министерство за надворешни работи и надворешна тргоцвија најостро ги осуди навредливите зборови, му врачи протестна нота на бугарскиот амбасадор и побара извинување од Софија.

Матеја Петровски