Реклама
Прилози

Бугарите ни ја кажаа реалноста : Пораките од Софија доказ дека претходната власт на СДСМ и ДУИ била глува на сите предупредувања

Новата бугарска офанзива кон Македонија, само го покажува дека претходната власт беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новата бугарска офанзива кон Македонија, само го покажува дека претходната власт беше глува на она што гласно предупредуваа многуминa. Бугарските амандмани за извештајот за Македонија во Брисел, пораките на нивниот министер за надворешни работи Георг Георгиев и заменичката на Румен Радев, Илијана Јотова се само доказ на одамна познат факт, дека евентуалните уставни измени ќе бидат само првата крената од многуте спуштени рампи од официјална Софија во иднина. Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор Васко Наумовски, за Алфа вели дека она што сега го гледаме ја отсликува реалноста, која не сакаше да ја види претходната владејачка гарнитура.

-Полека на виделина излегуваат сите оние работи на кои што предупредувавме подолг период наназад, а тоа е дека она што сега се наметнува како услов за нас, односно менувањето на Уставот нема да биде единствената пречка. Она што го слушаме како изјави од страна на бугарските официјални лица ја отстликува реалноста, а тоа е дека Бугарија веројатно нема да застане со попречување на патот на Македонија кон полноправното членство во Европската Унија. Се претпоставува дека и откако ќе ги започнеме преговорите Бугарија се уште ќе се обидува да го забави тој пат и да постави нови пречки, изјави Наумовски.

Власта во Македонија работи на внатрешните раформи со цел напредок кон ЕУ, а во однос на уставните измени барањето е тие да се имплементираат по ратификацијта на нашето членство во унијата. Според Наумовски реформите клучниот дел на кој мора да се работи, со цел да не дадеме шанса за вето на било која земја, а и се разбира за подобрување на состојбите во нашата држава.

Реклама

-Секогаш е најдобро да се држиме до исполнување на оние копенхагенски критериуми, односно да се трудиме да исполниме што е можно повеќе од обврските што стојат во различните кластери и поглавја и да не дадеме причина на било која држава членка на Европската Унија да постави нова пречка, како резултат на нашето неисполнување на обврските. Борбата против корупцијата, зацврстувањето на владеењето на правото, економските реформи, реформите во администрацијата се секако дел од обврските кои што ние треба во континуитет да ги исполнувме, изјави Наумовски.

Одреден период во пауза беше бугарската офанзива кон Македонија, но работите сменија последниве неколку дена, прво нивниот прв дипломат ни порача дека внесувањето на Бугарите во Уставот нема да ни бидат последна пречка, потоа стигна порака од Јотова дека не се почитувале правата на Бугарите во Македонија, а сега дојдоа и амандманите на предлог извештајот на известувачот за Македонија Европскиот Парламент Томас Вајц, меѓу кои и дека процесот на пристапување е блокиран поради „непријателската реторика на политичкото раководство“ во Македонија.

Матеја Петровски